21.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

350.000 евра во ѕид, судија на боледување: Судскиот совет решава за имунитетот на Ристов

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе одржи итна седница на која ќе одлучува дали да му биде одземен имунитетот и да се одобри куќен притвор за апелациониот судија Ѓоко Ристов, соопшти Советот.

Итната 535-та седница е закажана за 15:30 часот, а единствена точка на дневниот ред е барањето на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот и одобрување мерка куќен притвор.

Барањето следи откако Основното јавно обвинителство достави предлог за мерки за обезбедување, по што судијата на претходна постапка го известил Судскиот совет, имајќи предвид дека одземањето на имунитетот е законски услов за натамошно постапување по предлогот за притвор.

Истрагата против Ристов беше отворена по полициска акција во Неготино, каде, според надлежните, во домот на неговите родители биле пронајдени околу 350.000 евра заѕидани во ѕид. Од Обвинителството наведуваат дека парите се од сомнително потекло. Ристов, кој од минатата недела е на боледување, не е виден на работа од отворањето на случајот, велат извори запознаени со истрагата.

Министерството за внатрешни работи и Обвинителството не соопштуваат дали судијата се наоѓа во земјата. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција доцна вечерва изјавија дека „јавниот обвинител во наредните денови ќе ја процени потребата од мерки за обезбедување на присуството на осомничениот“.

Истражителите претходно извршиле претрес во станот на Ристов во Скопје, при што, според информациите, не биле пронајдени инкриминирачки докази. Истрагата е поврзана и со предмет против адвокатот Фехми Стафа, осомничен за подмитување судија во Апелациониот суд Скопје, во кој, според надлежните, се споменува и името на Ѓоко Ристов.

Related posts

Четврта недела без чиста вода: Гостивар чека решение, партиите бараат виновник

admin

Партијата ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ пред локалните избори

admin

Столтенберг во Киев најави нова воена помош за Украина

admin

Пукна договорот меѓу САД и Канада: Царини од 50% и стотици милијарди долари во игра

admin

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС дозволија Курти да прогласи “косовски пашалак”

admin

Огромно незадоволство во образованието, учебната година може да почне со штрајк

admin