23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Русија најави нов прекин на огнот за нови евакуации на цивили од североисточна Украина

Русија ги објави плановите за нов прекин на огнот за да им се овозможи на цивилите да напуштат неколку делови на Украина опколени од руските сили, еден ден откако илјадници луѓе можеа да напуштат подрачје во североисточна Украина. Украинските власти ја обвинија Русија за гранатирање на друга маршрута за евакуација во јужниот дел.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека Русија потврдила дека рутите за евакуација ќе водат од Суми, Мариупол, Енерходар, Волноваха, Изум и неколку градови во близина на Киев. Таа рече дека 5.000 луѓе успеале да се евакуираат од Суми во вторникот.

Европската унија се согласи да ги зајакне своите санкции како одговор на руската инвазија, вклучувајќи мерки насочени кон високи руски функционери и олигарси, како и ограничувања на поморскиот сектор и неколку белоруски банки.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека кинескиот Црвен крст испраќа хуманитарна помош во вредност од околу 800.000 долари за Украина и го повтори своето противење на санкциите воведени против Русија.

„САД треба сериозно да пристапат кон загриженоста на Кина кога се справуваат со украинското прашање и нејзините односи со Русија. Тоа на ниту еден начин не треба да им наштети на правата и интересите на Кина“, им рече на новинарите, портпаролот Жао Лиџијан.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека САД водат „економска војна против Русија“.

Американскиот претседател синоќа објави забрана за увоз на руска нафта и друга енергија. „Нема да бидеме дел од субвенционирањето на војната на Путин“, рече Џо Бајден, истакнувајќи дека овој потег нема да биде без импликации за граѓаните на САД.

Во твит, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Бајден што „удри во срцето на воената машина на Путин“, со неговата забрана за енергетика од Русија.

Бајден е во координација со сојузниците во Европа, кои се многу повеќе зависни од руската нафта, за да го изолира Путин и руската економија, која во голема мера се потпира врз извозот на нафта и гас.

Велика Британија објави дека постепено ќе го укине увозот на руска нафта и нафтени деривати до крајот на 2022 година.

Русија, исто така, ја критикуваше понудата на Полска да испрати авиони МиГ-29 во воздухопловната база во Германија за да можат да бидат префрлени на Украина, а Песков го нарече тоа „потенцијално опасно сценарио“.

Related posts

Регионалните организации ја засилуваат координацијата за поотпорна и поповрзана Југоисточна Европа

admin

КАКО ИСЧЕЗНА ПРОБЛЕМОТ СО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕ?

ninja

Германија со договор за воена соработка со Јапонија

admin

Албанија може да не ги продолжи преговорите, Грција ја постави првата бариера

admin

УЈИЕ ја продлабочува меѓународната соработка со турскиот Универзитет Коч

admin

ЛУКОИЛ тоне, ризикува да губи 14 милијарди евра

admin