22.8 C
Скопје
30 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ковачевски – Брнабиќ: Засилена соработка за иницијативата Отворен Балкан, деблокирање на евроинтеграциите

Денеска во Скопје, разговараа Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ.

Посетата на српската премиерка доаѓа во чувствителен период за регионот кој се справува со последиците од енергетската и економската криза и нестабилноста предизвикана од руската агресија врз Украина.

Истовремено, доаѓањето на Брнабиќ во земјава се совпадна токму со придвижувањето на односите меѓу двете цркви – прашање за кое таа не сакаше да зборува во детали.

„Јас како претседателка на Владата не можам да говорам за црковни прашања и не можам да ги коментирам одлуките на Српската православна црква. Сепак, сакам да кажам дека чувствувам голема благодарност кон СПЦ и неговата светост патријархот Порфирије за тоа што во еден отворен разговор и дијалог се обидуваат да решат некои прашања и со тоа директно да придонесат за регионалната стабилност, разбирање и поврзување и, се враќам повторно на тоа, поинаква иднина, што е одговорност на сите и нас и денес сите треба да работиме на тоа.“, изјави Ана Брнабиќ, премиерка на Србија.

Брнабиќ и нејзиниот домаќин – Ковачевски, кои учествуваа на дебата за платформа за просперитетна иднина не кажаа дали на разговорите се отворило и прашањето на санкциите против Москва – тема за која Белград не е на ист курс со Европската унија. Во однос на ЕУ, српската премиерка уверуваше дека нејзината земја континуирано апелира за забрзување на евроинтеграциите на Скопје и на Тирана. Македонскиот премиер, невообичаено за него, излезе со силни критики за односот на Унијата – порача дека земјите-членки „оправдуваат што ЕУ интеграцијата е сведена на зборување за историја“.

„Зборувајќи за нашата европска интеграција – Северна Македонија и Албанија се заложник на Бугарија. Таа европска интеграција е сведена на зборување за историја што практично гледам дека сите земји од ЕУ го оправдуваат што по мене е погрешно зашто кога се зборува за историја не се ветува ништо, туку само се зборува за нешто што се случило пред 100, 150 години. Тоа е класична уцена и не може да доведе до никаков бенефит за никого. Затоа сметам дека зборување за теми кои сега ја засегаат земјата од разни аспекти е многу важно и врз основа на тоа треба да се водат сите разговори.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Настапот на Ковачевски следи само два дена по седницата на Советот за надворешни работи на кој Бугарија продолжила да опстојува на позицијата вето, по што и самиот шеф на европската дипломатија, Борел, порача дека доколку до крајот на јуни не се најде решение односите на Унијата со Западен Балкан ќе западнат во голема криза.

„Сакам да верувам дека на тој начин, преку такви изјави, ќе се влијае на тоа процесот да добие на интензитет. Но, исто така, сакам да верувам дека од изјави и декларации ќе се премине на оперативна имплементација за организирање на прва Меѓувладина конференција за Северна Македонија и Албанија. “, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

За „Отворен Балкан“ двајцата премиери најавија натамошно динамизирање, иако оваа иницијатива не ја сметаат за замена за членство во Унијата. Наредниот самит ќе се одржи во Охрид – отворена е поканата и други земји од регионот да се приклучат на „Отворен Балкан“.

Related posts

Се иселиле млади колку едно Куманово: Населението во државата сѐ повеќе старее

admin

Израел и и германскиот државен резон: Што значи тоа?

admin

Ја памтите ли германска марка?

admin

Нула одговори за „Предатор“, а втора санкција за „Сајтрокс“

admin

Американски воен бил нападнат со беспилотни летала од Јемен

admin

МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР МЕЃУ КОНТРОВЕРЗИТЕ И КВАЛИТЕТНИОТ ФУДБАЛ

ninja