13.8 C
Скопје
23 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Мицкоски: Кога ќе дојдеме на власт подготвени сме да репреговараме за Договорот со Бугарија, ако тоа не успее, ќе побараме 61 пратеник за негово поништување

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја води Владата не доведе до една ваква ситуација и ВМРО-ДПМНЕ многу пати до сега предупредуваше дека на овој начин практично билатералниот спор ќе стане мултилатерален. Односно сега ќе стане спор помеѓу Македонија и Европската Унија, нема да биде веќе Македонија и Бугарија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Македонската телевизија во емисијата „Отворено студио“.

Мицкоски смета дека тоа е огромна и катастрофална грешка која ја направи оваа Влада, бидејќи не ги отпочна преговорите. Повторно лажни вести кажува во јавност, односно го манипулира сопствениот народ. Ако ги отпочнеа преговорите чуму сето ова околу менувањето на Уставот и не требаше да имаме дополнителни услови бидејќи Албанија нема.

Тој додаде дека тоа значи дека ние имаме дополнителен услов. Дека не сме ги почнале тие преговори што значи дека власта направи грешки и отстапки, а не добија ништо за возврат.

„Тоа што тие го погрешија, треба да го коригираме, тоа е задачата на идната Влада, тоа е задачата на ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада да тоа го коригира, репреговара и цениме дека тука треба да има сериозен капацитет од страна на Европската Унија и поддршка од меѓународната заедница да се репреговараат тие позиции, бидејќи тие позиции и овие околности во кои сега се наоѓа Македонија не нудат европска иднина“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека нема Француски предлог, туку дека има бугарски договор.

„Ние сме подготвени со формирањето на новата Влада да седнеме со нашиот источен сосед и да го репреговараме оној дел кој цениме дека не нуди иднина, односно не нуди интеграција туку напротив не фрустрира. Има за обид да ја оддалечи Македонија од Европската Унија и подготвени сме буквално да инсистираме на тоа да седнеме на маса и се надеваме дека со поддршка на нашите пријатели од меѓународната заедница тоа ќе го издејствуваме“, кажа Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека доколку не наидат на соговорник од другата страна, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да собере 61 пратеник во Парламентот и да го напушти договорот со нашиот источен сосед, бидејќи тој договор не е ниту договор за пријателство, ниту е договор за добрососедство, а тоа можеме да го видиме преку последното однесување од страна на нашиот источен сосед.

Related posts

Груби: Во ВМРО-ДПМНЕ има про-европски и анти-Мицковски политичари, блиску сме до 80 пратеници за уставни измени

admin

Бесими – Автопатиштата на Бехтел и Енка ќе донесат економски развој

ninja

Отворен Балкан може да остане без угостители, земјоделци и градежници

admin

Бугарски капитал доминантен на македонскиот пазар со брзи кредити

admin

Ердоган разговарал со Вучиќ и Курти

admin

Осуммина под истрага за злоупотреби во Државна Лотарија

admin