10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Најголемата заплена на марихуана во Македонија: 27 тони одземени во координирана акција

Полицијата, царината и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведоа голема акција против нелегално складирање и пуштање во промет на марихуана, при што се одземени околу 27 тони од дрогата, што се смета за најголема заплена во историјата на земјата. Акцијата беше насочена кон лиценцирани производители на канабис, кои со години ја злоупотребувале својата лиценца за одгледување на медицинска марихуана.

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени ситуацијата како „тешка и мачна“ и предупреди дека акцијата ќе ги открие системските пропусти на претходните влади. Според него, дел од лицата добиле лиценци преку политички и бизнис врски, а некои од граѓаните биле доведени во заблуда дека со одгледување марихуана ќе станат милионери. Акцијата следи по заплената на пет тони марихуана во Србија, за која се сомнева дека потекнува од македонска компанија со лиценца за медицински канабис.

Истражителите истакнуваат дека овој бизнис долго време бил во центарот на контроверзи, со шпекулации за рекет и нелегални активности поврзани со лиценцирањето. Најновите проверки откриле сериозни пропусти во контролата и злоупотреби на легално одобрени компании, како и евентуални врски со меѓународни криминални групи. МВР најави дека акцијата ќе продолжи и дека ќе бидат преземени дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Related posts

Коњановски: НЕ на корумпираната влада на СДС и ДУИ

admin

Путин го распределува нуклеарниот арсенал во Белорусија: Се е според планот

admin

Рама: Албанците во Северна Македонија се „државотворен народ“

admin

Интерпелации со однапред познат исход

admin

Во април првата транша за Северна Македонија од Планот за раст

admin

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА? КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО ДУИ Е ТРАНСПАРЕНТЕН

admin