28.8 C
Скопје
15 јуни, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗАНАСЛОВНА

„ОГНЕНИТЕ“ ЈА ДОБИЈА БИТКАТА, ДАЛИ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ И ВОЈНАТА?

Заробена во овие ривалства, ДУИ се чини дека ја губи својата реформативна моќ. Проектот за „ДУИ на следните 20 години“ беше насочен кон обнова, а не реставрација на политичкиот субјект.

Пишува: Џелал Незири

Јавните судири во Демократската унија за интеграција (ДУИ) се чини дека завршија со изборот на новото Претседателство и другите партиски тела. Фракцијата предводена од Муса Џафери доби партиски потпретседател и двајца секретари, но не и генерален секретар каков што првично побараа. Лидерите на оваа група се и дел од новото партиско раководство, додека Џафери е сместен во Надзорниот совет на партијата.

Согласно член 77 од Статутот на ДУИ, Надзорниот совет се состои од 5 члена и врши надзор над актите и одлуките одобрени од органите на партијата, надзорот на материјалната и финансиската состојба на партијата, ги оценува правните акти на партијата доколку се во склад со Статутот и го толкува Статутот меѓу седниците на конгресот.

Членовите на Надзорниот совет ги избира Генералниот совет со тајно гласање, на предлог на претседателот на партијата со мандат од 4 години, со право на реизбор. Членовите избрани со мнозинство гласови, во рок од 10 дена по добивањето на мандатот, од нивните редови избираат претседател и потпретседател. Можно е Муса Џафери да биде избран за прв човек на ова тело. Ова би било негов спектакуларен „кам-бек“ на политичката сцена, по привременото повлекување во 2016-та година.

А овој „кам-бек“ на Џафери е поврзан со уште една одлука на Генералниот совет: распишување внатрешни избори во сите ограноци и локални совети, со исклучок на 11 ограноци каде што овој процес заврши на почетокот на годинава. Покрај ограноците и Младинскиот форум, во 2023 година е закажан и 5-тиот изборен конгрес на ДУИ. Токму овој Конгрес ќе ја разреши дилемата дали Али Ахмети ќе одлучи да стави крај на ерата на неговото политичко дејствување, што би го отворило патот за избор на новиот партиски лидер. Но, самиот Ахмети во изјава за медиумите рече дека нема намера да се повлече од првата позиција во ДУИ, предупредувајќи дека ќе ја води партијата до 2030 година. Како единствена обединувачка фигура и со авторитет врз внатрешните групи, нему му е јасно е дека неговото заминување може да донесе судири од кои ќе произведат нови субјекти на политичката сцена.

Заробена во овие ривалства, ДУИ се чини дека ја губи својата реформативна моќ. Проектот за „ДУИ на следните 20 години“ беше насочен кон обнова, а не реставрација на политичкиот субјект. Зелената агенда сега може да избледи кога „огнот“ ќе се „локализира“ внатре во партијата, додека истата се враќа на стариот идентитет. Колку ќе биде успешен овој пресврт, ќе покажат следните избори.

Сепак, трката за преземање на раководството на партијата од јавната се префрли во внатрепартиската сфера. Целта за разрешување на Артан Груби од позицијата прв вицепремиер не е постигната, но тој повеќе нема да биде организациски секретар во партијата. Битката за „пол позиција“ во оваа голема трка за шеф на партијата ќе продолжи да биде интензивна и во периодот што следи.

Related posts

Ердоган и Киличдароглу одат во втор круг, кои се нивните стратегии?

admin

Нова сезона за игри на националистичка карта

admin

Русија штотуку и дала на Украина услови за завршување на војната?

admin

Нема промена на Уставот под американски и европски диктат!

admin

ПОДКАСТ: Што мисли младината за своите партиски сениори? (ВИДЕО)

admin

Случај „Онкологија“: Протестите ќе станат масовни, Обвинителството не сака брзоплета истрага

admin