13.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Мицкоски – Брисел да даде гаранции дека нема да има идно вето

Ако Брисел даде јасна гаранција дека внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот е последно барање за интеграцијата во ЕУ, тогаш подготвени сме да разговарараме за се, изјави денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ние сме подготвени за тоа да разговараме да добиеме определени гаранции дека ова е последно барање дека нема да бидеме дополнително предмет на вето од страна на нашиот источен сосед, дека нема да бидеме предмет на асимилација и хегемониско однесување“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека нема да поддржат отворање и интервенции во Уставот се додека Европската Унија не даде гаранции дека земјата ќе влезе во Унијата и дека нема да биде предмет на дополнително вето од источниот сосед Бугарија.

Македонија и Бугарија во 2017 година го потпишаа Договорот за добрососедство, но и покрај тоа Софија од 2019 година започна да го блокира Скопје да ги почне приистапните преговори со ЕУ.

Оваа година по прифаќањето на двете држави на таканаречениот француски предлог за Македонија да ги почне преговорите, Скопје ја одржа меѓувладината конференција со ЕУ, но промената на Уставот е услов за официјално да започне отворањето на поглавјата.

Во меѓувреме албанските партии најавија дека ќе поддржат отворање на Уставот и внесување на Бугарите во Преамбулата само под услов терминот „20 проценти“, кој се однесува на бројот на Албанци во Македонија, да биде избришан од Уставот.

Мицкоски за ова прашање рече дека е подготвен да седне да разговара.

„Но, тоа е оној нов договор за Македонија и притоа треба да разговараме и за нормата Бадентер, за нормата балансер, да имаме еден фер систем во Македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од некаква си бројка, или дел од некаква квота или процент, туку затоа што вредат, затоа што се конкуретни, имаат знаење и.т.н“, вели Мицкоски.

Алијанса за Албанците е меѓу албанските партии кои го услови своето гласање за измените на Уставот со внесувањето на Бугарите во Преамбулата, со барање да биде избришан терминот „20 проценти“ наведен за употреба на јазикот на малцинствата во локалните средини.

Деновите и претседателот на ДУИ, Али Ахмети неодамна имаше средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на која Тачи го информирал Ахмети за резолуцијата која била донесена на 8. конгрес на ДПА, која се однесувала на промена на членот од Уставот каде што формулацијата 20 проценти во однос на Албанците требала да се замени со соодветна формулација како, албански народ, албански јазик, како што соопшти ДПА.

Македонија за една и пол година треба да ги вметне Бугарите во Преамбулата и за тоа е потребно да гласаат најмалку 80 пратеници во Собранието, откако власта во јули го прифати францускиот предлог за кревање на бугарското вето и одблокирање на интеграцијата кон ЕУ.

Алијанса за Албанците е партија која има осум пратеници во Собранието, но со истото барање за промена на формулацијата за албанскиот јазик претходно излезе и партијата БЕСА која има двајца пратеници.

Не се тие единствените кои бараат промена во Уставот.

Здруженијата на Египќаните официјално побараа од Владата да бидат внесени во Преамбулата каде се споменати Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите и Бошњаците. Владата најави дека размислува и за барањата на Евреите, Хрватите, Торбешите и Црногорците.

Related posts

Републиканците во Сенатот го блокираа нацрт-законот за помош на Украина и Израел

admin

ВАЈСМEН: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕКОГАШ БЕШЕ ЦЕЛ НА ХИБРИДНИ НАПАДИ ОД РУСИЈА

ninja

Трета републиканска претседателска дебата, Трамп доминира

admin

ЛОГА МУ „ПРЕСУДИ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

ninja

Османи: Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е лоша и непромислена

admin

ОСТИН: РУСИЈА ГО ПРОШИРУВА СВОЈОТ НУКЛЕАРЕН АРСЕНАЛ

ninja