17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Нередовно читање на струјомерите – повисоки сметки

Голем број на граѓани се жалат дека поради нередовно отчитување на струјомерите од страна на ЕВН, по неколку месеци добиваат висока сметка и автоматски влегуваат во најскапата тарифа за струја. ЕВН тврди секој месец се читаат броилата. До народниот правобранител секојдневно стигаат поплаки.

Човек што плаќал по 600-700 денари струја месечно, сега добил сметка од 7.000 денари.

Голем број на граѓани се жалат дека, поради нередовно отчитување на струјомерите од страна на ЕВН, по неколку месеци влегуваат во најскапата тарифа за струја и добиваат неправедно високи сметки.

Од 1 јули беа воведени четири блока за скапа струја. Семејствата што трошат повеќе, плаќаат поскапа струја. Најевтино се плаќаат првите 210 киловатчаса месечно, малку поскапо се плаќа потрошувачката меѓу 210 и 630 киловатчаса, уште поскапа меѓу 630 и 1050, а ако во месецот потрошите над 1.050 киловатчаса, тие ќе ви се пресметуваат по скоро 2,5 пати повисока цена.

Тоа значи дека ако овој месец сте потрошиле 700 киловатчаса скапа струја, а ЕВН не го прочитало броилото и паушално ви наплатило само 300 киловатчаса, останатите 400 киловатчаса ќе ги платите наредниот месец. Но проблемот е што наредниот месец, наместо потрошените 700, ќе треба да ги платите и овие 400, па тие ќе ви се тарифираат по повисока цена.

Граѓанинот со кој разговаравме вели дека ако ЕВН редовно го чита броилото, тој не би преминал во поскапата тарифа.

Новиот правилник кој беше договорен по средбата помеѓу претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и народниот правобранител Насер Зибери, предвидуваше Електродистрибуција да мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите.

Сепак скопјанецот за РСЕ вели дека од Електродистрибуција (ЕВН) му одговориле дека немаат обврска да го вршат отчитувањето на броилата повеќе од еднаш годишно.

Related posts

МАКЕДОНИЈА СЕ СОПНУВА ОД СЕКОЈ КАМЕН ФРЛЕН КОН БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ

ninja

Коридорот се лизга на лушпа од бањички кромид

admin

ЕУ ОЧЕКУВА СРБИЈА ДА СЕ АКТИВИРА ВО БОРБАТА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ

ninja

СЗО СМЕТА ДЕКА КОВИДОТ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМА СЛИЧНА ЗАКАНА КАКО И ГРИПОТ

ninja

Печалбарите преферираат кеш, а не банки за испраќање пари

admin

„Дневник“: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

admin