24.8 C
Скопје
15 октомври, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС, ОТВОРЕН БАЛКАН И ПОЗАДИНАТА НА НЕМИРИТЕ НА КОСОВО

Автор: Џелал Незири

 

ДВА КОНКУРЕНТНИ ПРОЦЕСИ?

Берлинскиот процес беше оживеан таму каде што започна – во германската престолнина. Овој Процес, започнат од поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во 2014 година, беше меѓу најсериозните иницијативи за европеизација на Западен Балкан (ЗП) и интеграција на регионот во Европската унија (ЕУ). Самитот на 3 ноември даде јасен одговор на дилемата за судбината на оваа иницијатива по повлекувањето на Меркел од политиката – Берлинскиот процес ќе продолжи и под водство на новиот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Потпишувањето на три договори за слободно движење на луѓе со лични карти и заемно признавање на дипломите меѓу шесте држави на ЗБ го враќа Берлинскиот процес на најсериозната и најнадежна иницијатива во регионот.

Дали ова значи дека ова е крај на иницијативата Отворен Балкан, започната во 2019 година од Србија, Албанија и Северна Македонија? Одговорот е НЕ. Отворен Балкан ќе продолжи да биде паралелна иницијатива за постигнување на истите цели како и Берлинскиот процес: слободно движење на луѓе, услуги, капитал и стоки.

Се чини дека овие две иницијативи се натпреваруваат една со друга. Последниот самит во рамките на Берлинскиот процес се одржа во 2020 година во Софија, додека празнината создадена по повлекувањето на Меркел од политиката и ќорсокакот на проширувањето на ЕУ беше пополнета со иницијативата Отворен Балкан. Во овие две години, на релација Белград-Тирана-Скопје имаше напорна комуникација и се одржаа три самити кои произведоа договори за движење на стоки без чекање на граница, за меѓусебна помош во случај на временски непогоди и за надминување на енергетска криза. Признавањето на дипломите, отстранувањето на административните бариери за компаниите, заедничката инвестициска агенција, заедничкиот филмски фонд и организирањето на заеднички културни настани, се договорени проекти, но се уште не дале резултати.

ПРОБЛЕМОТ СО ТАБЛИЦИТЕ

Недостаток на Отворен Балкан е отсуството на целосна вклученост на земјите од ЗБ. Косово е против, а Црна Гора и Босна и Херцеговина немаат јасен став за или против оваа иницијатива. Во овој сегмент е и предноста на Берлинскиот процес, кој е сеопфатен и има авторитет да го олесни надминувањето и на големите проблеми во регионот, особено оној меѓу Приштина и Белград.

Во овој правец, Француско-германскиот предлог за решавање на проблемот Приштина-Белград предвидува следната година да се потпише уште еден договор за нормализација на односите Косово-Србија, ист како оној во 2013. Во овој договор се предлага Србија да не го спречува членството на Косово во меѓународните организации и по 10 години, кога е на прагот на влез во ЕУ, всушност да го признае Косово како независна држава. Додека овој предлог наиде на резерви од Приштина, од Белград имаше силно противење, особено од проруската струја во српската влада, претставена од Ивица Дачиќ, претседател на Социјалистичката партија на Србија и вицепремиер.

Отсуството на српскиот претседател Александар Вучиќ на Самитот на Берлинскиот процес минатата недела беше неговиот одговор на предлогот на Олаф Шолц и Емануел Макрон за решавање на клучното балканско прашање. Проблематизирањето на косовските регистарски таблички до степен на нов вооружен конфликт, пак, е резултат на активностите на проруските струи кои сакаат да ја поткопаат секоја нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.

Србија се согласи со овие решенија од 2011 година, кога во Брисел беше постигнат Договорот за слобода на движење со Косово. Со овој договор се определува отстранување на српските регистарски таблички со знаците на градовите на Косово, како што се ПР (Приштина), ГЛ (Ѓилан) КМ (Митровица) и нивна замена со РКС (Република Косово). Иако беше постигнат договорот, новите таблички не беа важечки во Србија и истите беа заменети со привремени таблички. За да се избегне оваа пречка, Косово се согласи да ја одложи примената на договорот со тоа што продолжи да издава таблички КС наместо РКС, што Србија го прифати. По пет години, односно во 2016 година, Косово се согласи повторно да продолжи со издавањето на регистарските таблички КС за уште пет дополнителни години. Овој рок истекуваше во септември 2021 година, додека обидите на владата на Ксова да го спроведе договорот пропаднаа поради отфрлањето на етничките Срби. Одбивањето е поврзано со неспроведувањето на Заедницата на општините со српско мнозинство, решение постигнато во рамките на договорот постигнат во 2013 година, усогласен во Брисел во 2015 година. Во декември 2015 година, Уставниот суд на Косово утврди дека принципите на Заедницата не се целосно усогласени со Уставот на Косово, со што се запира имплементацијата на Договорот. Проблемот, според Уставниот суд, е фактот што Заедницата не се заснова на мултиетничност, туку што обединува општини од една етничка припадност.

Повторното враќање на српските министри, судии, полицајци, цариници и административци од институциите на Косово е условено токму со спроведувањето на Заедницата.

ПОЗАДИНА

Отсуството на Вучиќ во Берлин и испраќањето на премиерката Ана Бернабиќ на Самитот отвори многу дилеми во јавното мислење. Повлекувањето на етничките Срби од институциите на Косово е најрадикалниот чекор што досега е направен за отфрлање на суверенитетот на косовската држава. Извештаите за вооружени лица кои дејствуваат на северот ја зголемија загриженоста за можноста од вооружени судири кои би можеле да ја вратат војната од 1999 година.

Што сака да постигне Вучиќ со ова? Тој има две цели: првата, да го закопа француско-германскиот предлог и втората – да создаде соодветен политички момент за имплементација на Заедницата.

Во целиот овој период не се исклучени ниту интересите на Русија, која од 1999 година сака да го зачува статус квото што и дава поголем простор за влијание во регионот. Вучиќ во саботата се сретна со амбасадорите на Русија и Кина во Белград, кои му дадоа поддршка за „заштита на суверенитетот на Србија“ на Косово. Во меѓувреме, тој имаше телефонски разговор со американскиот амбасадор, кој го поддржа француско-германскиот предлог.

 

Related posts

Слава Україні!

admin

Нуклеарен армагедон: Земјата ќе биде запалена а бетонот ќе се топи

admin

ТЕМПИРАНА БОМБА

admin

Парите се европски не унгарски

admin

Ќе дојде ли ред да се дише чист воздух?

admin

ПРЕДИЗВИЦИ ВО ИЗБОРНАТА ЛЕГИСЛАТИВА ВО ОДНОС НА РЕКЛАМИРАЊЕТО НА БИЛБОРДИ

admin