13 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БУГАРСКОТО МНР ГО ОСУДИ ОШТЕТУВАЊЕТО НА КЛУБОТ „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“ ВО ОХРИД

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека остро го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид извршено ноќта меѓу 20 и 21 ноември 2022 година.

„Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ), соопштија од МНР на Бугарија.

Бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид беше оштетен на стаклото од излогот и на дел од светлечката реклама, како што соопшти охридската полиција. Оштетувањето било пријавено во полиција ноќеска во 2 часот и 5 минути.

Портпаролот на полицијата во Охрид, Стефан Димоски, рече дека полицијата работи на расчистување на настанот.

Оштетувањето, според првичните информации било направено со камен.

Бугарското МНР во соопштението наведува дека имињата на бугарските клубови не се причина за ваквата кампања и потенцираат дека „лидерот на најголемата опозициска партија во Скопје веќе отворено повикува на итно затворање на бугарските клубови само затоа што се бугарски, без разлика како се нарекуваат“.

„Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ќе има навремена и соодветна реакција на она што се случи“, се наведува во соопштението.

Исто така се вели дека реакцијата на властите на овој и на другите случаи на криминал од омраза ќе биде показател за сериозноста што Владата во Скопје ја придава на градењето добрососедски односи и на процесот на пристапување во ЕУ, соопштија од МНР на Бугарија.

Пред повеќе од еден месец, односно само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението. Кривичното дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција.

Отворањето на клубот во Охрид и претходно на културниот центар Иван Михајлов Битола, кои носат имиња на контроверзни личности, наиде на реакции, протести и незадоволство кај македонската јавност и кај политичарите.

Собранието на 2 ноември годинава изгласа измени на Законот за здруженија и фондации со кои здруженијата имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар.

Related posts

Во Куманово ќе се потврдува поддршката за Таравари

admin

ИЗДАДЕНА ДЕВЕТТА ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОТПЛАТА НА СТАРИ ДОЛГОВИ

ninja

Пендаровски и Мицкоски во кавга за рејтинзите и изборите

admin

Голема афера во Косово, се објавуваат прислушувани снимки кои се споредуваат со “бомбите на Заев”

admin

Неочекуван потег: Мишел ќе се кандидира за европратеник

admin

Вашингтон најави санкции откако Путин ги призна отцепените региони на Украина

ninja