8.8 C
Скопје
11 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ТРАМП ВЕЧЕРВА СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА ОБЈАВИ ТРЕТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Поранешниот претседател Доналд Трамп се подготвува да ја започне својата трета кампања за Белата куќа вeчерва, по разочарувачките конгресни избори минатата недела, и по знаците дека неговата контрола врз Републиканската партија слабее.

Некои републиканци го таргетираат Трамп поради неговата поддршка на кандидатите на минатонеделните конгресни избори, од кои многумина загубија, што главно се засноваше на тоа дали тие се согласуваат со неговото тврдење дека бил измамен за уште еден четиригодишен мандат на изборите во 2020 година.

Некои републиканци забележаа дека Трамп, како најголемо име во републиканската политика, беше причина за големите загуби на конгресните избори во 2018 година на средината на неговиот претседателски мандат, како и за неговата сопствена загуба во 2020 година.

Трамп се соочува со федерални и сојузни криминални истраги за неговата улога во обидот да ја подобри својата загуба во 2020 година, за тоа дали го поттикнал нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година од страна на неговите приврзаници, како и дали незаконски однел високо класифицирани документи за национална безбедност во својот дом, кога ја напушти функцијата пред 22 месеци.

Против 45-от претседател на САД не е поднесена кривична пријава.

/VOA

Related posts

Бајден ќе стави вето на пакетот помош за Израел во Претставничкиот дом, вели Белата куќа

admin

Првиот светски трилионер шокира: „Парите наскоро нема да бидат важни“

admin

Филипче: На Денот на Европа, Мицкоски треба да биде персона нон грата

admin

Тензиите меѓу САД и Русија се пренесуваат и во вселената

admin

Пронајдена дрога во Ѓорче Петров, приведен дилер

admin

Левица: Владата ја загрозува медиумската слобода, се зацврстува режимскиот модел на владеење

admin