28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче: На Денот на Европа, Мицкоски треба да биде персона нон грата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, оценувајќи дека актуелната власт ја држи државата во изолација и го кочи европскиот пат.

„На ваков настан на Денот на Европа, Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата“, изјави Филипче.

Тој посочи дека Македонија можела да има многу повеќе причини за славење, посочувајќи ја Црна Гора како пример за напредок во евроинтеграциите.

„Можевме да славиме како Црна Гора која оди напред, ги затвора поглавјата и догодина ќе стане членка на Европската Унија. За жал, нас нè води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, која сака државата да биде во изолација, слепо црево во Европа, без реформи, без европско правосудство, без европски судии и обвинители“, рече Филипче.

Во своето обраќање, лидерот на СДСМ нагласи дека партијата своите корени ги темели на антифашистичката борба и партизанското движење.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги влече своите корени од антифашистичката борба, преку борбата на партизаните, дадените животи и изградбата на државата“, изјави Филипче.

Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека и денес користи „гебелсови методи“ во политичката комуникација.

„ВМРО соработуваше со фашистите и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе и идентификување лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели“, рече Филипче.

Related posts

Американски тинк-тенк предупредува: Војната со Иран ја откри слабоста на американската моќ

admin

Кочо Анѓушев стaвен во црната листа на САД

admin

Кој е на првото место со санкции во светот?

ninja

Трамп скептичен за новиот мировен предлог од Иран, не исклучува нови воени акции

admin

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

admin

Западен Балкан и ЕУ ја зацврстуваат безбедносната соработка на 10-годишнината на „Џамбо“ во Скопје

admin