17.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

БОРЕЛ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА „НАЈСЕРИОЗНАТА КРИЗА ОД 2013 ГОДИНА“ ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, предупреди дека одлуката за регистарските таблички во Косово треба да се донесе пред 21 ноември.

„Не смееме да го чекаме тој датум без договор“, предупреди Борел на прес-конференцијата на крајот од средбата на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ), на која се разговараше и за тензиите меѓу Косово и Србија.

Од почетокот на месецов органите на редот им изрекуваат укори на лицата кои не ги промениле регистрациите на автомобилите со косовски, а од 21 ноември, според одлуката на владата ќе почнат да се изрекуваат парични казни.

Борел изрази подготвеност да ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел за да се постигне решение за табличките.

Според Борел, евентуалната средба на лидерите ќе зависи од исходот од средбата на главните преговарачи кои во наредните денови ќе бидат во Брисел.

Тој оцени дека тоа е „најсериозната криза од 2013 година“ и побара од партиите да се ангажираат за да се смират тензиите.

Односите меѓу Србија и Косово беа во фокусот на дискусијата посветена на состојбите во Западен Балкан, на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во понеделник, 14 ноември.

Борел притоа потврди дека доставил предлог до Србија и Косово за решение на настанатата криза.

„Мораме да најдеме излез од оваа криза. Дадовме предлог за излез од кризата, тие треба да го разгледаат. Ние работиме на добро решение“, рече Борел пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Според најавата, министрите требаше да побараат напредок во процесот на дијалог кон постигнување сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализирање на односите меѓу двете страни.

Односите меѓу Белград и Приштина се затегнати поради неодамнешната одлука на косовската влада да започне со спроведување на одлуката за укинување на табличките издадени од српските власти за возилата што главно ги користат Србите на северот на Косово.

Претставниците на меѓународната заедница побараа од официјална Приштина да го одложи спроведувањето за десет месеци, што косовските власти го одбија.

Разочарување од оваа постапка изразија и претставниците на ЕУ и Соединетите Американски Држави (САД).

Related posts

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja

Објавен нацрт-Извештајот од скринингот, Маричиќ: Основа за клучните документи

admin

„Кафе“ за Орбан, зелено светло за Киев, разочарување за РСМ

admin

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

ЕУ И АЛБАНИЈА ОДРЖАА СОВЕТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

ninja

Советот на Јавни Обвинители тежи 2,4 милиони евра: Колева најбогата, Исаку надвор од „радарот“ на ДКСК

admin