2.8 C
Скопје
25 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче од Струмица: ВМРО ја турка Македонија кон пропаст

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, во средата ја обвини владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ја води земјата кон економски и социјален пад, оценувајќи дека состојбата во земјоделството значително се влошила во изминатите две години.

Говорејќи на средба со земјоделци во Босилово, Филипче изјави дека е „лицемерно“ власта да зборува за напредок и развој додека, според него, клучни сектори бележат назадување.

„Македонија со нив забрзува единствено кон пропаст“, рече Филипче, алудирајќи на слоганот на ВМРО-ДПМНЕ по повод партискиот јубилеј.

Тој оцени дека земјоделскиот сектор се соочува со сериозни проблеми поради доцнење на субвенциите, високи производствени трошоци и ниски откупни цени.

„Наместо поддршка за луѓето кои ја хранат државата, сведоци сме на политики поради кои земјоделството изумира. Земјоделците тешко можат да преживеат со сегашните услови“, изјави Филипче.

 

Related posts

Брисел ќе предложи санкции против Израел додека војната во Газа се интензивира

admin

Почина Дарко Димовски, првиот човек на ССМ

admin

Приказна за сиромаштијата во Скопје го освои Токио: Големо признание за Манчевски, Климоска и Трајковиќ

admin

РУСКИ ВОЕН АВИОН УРНАЛ АМЕРИКАНСКИ ДРОН НАД ЦРНОТО МОРЕ

ninja

Младо момче, спасител од пожарот во Кочани, доби признание и стипендија

admin

Европскиот парламент со нова порака: Без реформи нема членство во ЕУ

admin