30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

РУСКИ ВОЕН АВИОН УРНАЛ АМЕРИКАНСКИ ДРОН НАД ЦРНОТО МОРЕ

Во прва ескалација од тој тип од почетокот на руската агресија врз Украина, воени летала на Русија и шпионски дрон на САД се судриле над Црното море. Вашингтон ја обвини Москва дека провоцира инцидент.

Руски воен авион од типот Су-27 пресретнал и удрил во пропелер на американски набљудувачки дрон, што предизвикало негов пад во Црното море, прв инцидент од тој тип од почетокот на руската инвазија врз Украина пред повеќе од една година.

Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Кристофер Каволи ги информирал сојузниците во Алијансата за инцидентот кој беше веднаш осуден од Белата Куќа и Пентагон, со предупредување од ескалација.

Два руски авиони Су-27 го пресретнале американскиот шпионски дрон, пред едниот од авионите да се судри со него околу 7 часот во вторникот наутро.

Неколку пати пред судирот, руските борбени авиони истурале гориво врз дронот, веројатно обидувајќи се да го заслепат или оштетат, и летале околу него со небезбедни маневри, соопшти американската армија.

Молк од Москва 

„Нашиот дрон вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнат и удрен од руско летало, што доведе до паѓање и целосна загуба на МКју-9“, соопшти американскиот генерал Џејмс Хекер.

Дрон „МКју-9 Рипер“ САД
Американски дрон од типот „МКју-9 Рипер“Фотографија: Unbekannt/Zuma Wire/imago images

„Всушност, овој небезбеден и непрофесионален чин на Русите за малку предизвика паѓање на обете летала“.

Москва досега не го коментираше инцидентот, иако во неколку наврати изразуваше загриженост поради летањето на американски шпионски летала во близина на Крим.

Американската армија тврди дека инцидентот следува по серија настани со опасно однесување на руски пилоти кои се движат во близина на летала на САД и нивните сојузници, вклучително и над Црното море.

Белата Куќа најави дека за инцидентот ќе разговара директно со Москва.

„Стејт департментот ќе зборува директно со своите руски колеги, и ќе ја изрази длабоката загриженост поради ова небезбедно и непрофесионално пресретнување“, изјави портпарол на Белата Куќа.

Related posts

Мицкоски за упадот во М-НАВ: Во нормална земја бандитите или ќе беа уапсени или ликвидирани

admin

Снег на целата територија на државата

admin

Скопје меѓу најзагадените градови во Европа: СДСМ ја обвинува Владата, илјадници граѓани изложени на опасен воздух

admin

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти, Таравари открива детали

admin

Германската градежна индустрија: Намалувањето на квотите за работници од Балканот е штетно

admin

Минхенската безбедносна конференција во сенка на Трамп

admin