14.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ТАРАВАРИ СО „ПРАЗНИ РАЦЕ“ ЗАМИНА ОД ВЛАДАТА

Лидерот на Алијанса за Албанците не ја отфрла можноста да стане дел од владиното мнозинство. Вели дека не му се допаѓа вордингот на Мицкоски, а ДУИ ќе продолжи да ги критикува поради корупциските скандали.

Лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари денеска напладне (18.11) имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски, но не доби покана за влез во Владата. Тој во изјава за медиумите рече дека разговарале за европскиот пат, борбата против корупцијата и за други прашања, но не и за поделба на ресори у условите кои партијата ги најави доколку станедел од владиното мнозинство.

„Разговаравме за европскиот пат на земјата кој мора да продолжи и за борбата против корупција и функционирањето на правната држава што е неопходно, како и за законите кои што се блокирани во Собрание. Станува збор за европски закони кои АА ги поддржува“, вели Таравари.

Официјални преговори за влез во Владата засега нема, дециден е Таравари, кој вели дека нема причина зошто тоа би го криеле од јавноста. Доколку и биде повикан наредниот пат во Влада на оваа тема, тој најави пакет мерки и услови коишто ќе ги постави партијата. „Ќе имаме црвени линии неопходни за влез во Влада. Имаме пакет мерки кој ќе биде услов за влез во Влада”, посочи тој.

Контакти со сите партии 

Таравари одговарајќи на новинарските прашања, рече дека има контакти и разговори со сите партии, меѓу кои и со ВМРО-ДПМНЕ, но дека во последно време не му се допаѓа вордингот на партијата.

„Вордингот кој го користи ВМРО-ДПМНЕ во последно време не ни се допаѓа воопшто и со него си ги намалува шансите за соработка со албанските партии, бидејќи се натпреварува со Левица, која што е националистичка партија“, вели Таравари.

Тој вели дека ќе продолжи да ги критикува и ДУИ, поради случаите на корупција коишто се обелоденуваат во јавноста.

Ова е втора средба на Таравари со Ковачевски по лидерската средба којашто се одржа на почетокот на ноември. Надежите дека АА би можела да стане дел од владејачкото мнозинство ги подгреаја бројните шпекулации во јавноста изминатиот период, но и изјавата на Таравари за  „Фронтлајн.мк“, каде порача дека неговата партија ќе влезе во составот на Владата само доколку се исполнат три услови.

Услови 

„Еден од трите услови е да нема предвремени парламентарни избори пред 2024 година. Вториот услов е да имаме автономија на институциите кои ќе ги водиме, значи да нема ограничување. И третото е да има динамика, за тоа што ќе се договориме да се применува во пракса“, кажа Таравари.

Претходно медиумите објавија дека според неофицијални информации на Алијанса за Албанците би ѝ биле понудени три од министерствата за здравство, образование, земјоделство, правда и за животна средина, за да стане дел од власта. Ако дојде до договор Алијанса да стане нов владин партнер, тогаш СДСМ, ДУИ и Алтернатива ќе треба да ѝ отстапат по едно министерско место на Алијанса за Албанците. Таравари наводно би добил и три заменик-министерски позиции, како и директорски места.

Но, ваквите комбинаторики засега „паднаа во вода“ по изјавата на премиерот кој рече дека средбата е само дел од планот за поединечни разговори и со останатите лидери на политичките партии кои се дел од Собранието, а во врска со одлуките што треба да се донесат за европската иднина на државата, а за кои е потребен широк политички и општествен консензус.

Ковачевски вели дека со лидерите сака да разговара и за законските решенија кои треба да се носат во Собранието кои се од реформски карактер. „Ова особено се однесува на делот на владеење на правото, борбата со корупцијата и справувањето со економската криза што ја имаме во државата и особено во делот на законите што се блокирани во Собранието, а се однесуваат на овие три области. Сè друго е во делот на шпекулациите“, рече Ковачевски.

Јавна тајна 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека е јавна тајна дека се преговара за влез на Алијанса за Албанците во Владата. „Секоја партија си одлучува за себе, народот ќе знае како да одлучи на денот на избори“, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, јас сум кажал дека секоја политичка партија има свое автономно и автохтоно одлучување“, вели Мицкоски. Тој смета дека доколку Алијанса за Албанците стане дел од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш тоа е комплетно политичко скршнување од тезите кои беа кажувани изминатиот период, нагласувајќи дека доколку еден политичар ја обвинува владата дека работи погрешно, коруптивно и криминално, а подоцна стане дел од неа, тогаш тоа значи легитимирање на сите погрешни политики и единствено нешто за кое што сте се грижеле е само да се дограбат до одредена функција и фотелја“, додаде Мицкоски.

Related posts

Што има внатре во нуклеарната топка на претседателот

admin

Алармот на ДУИ индицира дека „планот на Заев“ не е мртов?

admin

Од Брисел ништо ново

admin

Влезот на Бугарите во Уставот отвора нови партиски апетити

ninja

Познавачи коментираат: Претседател избран во Собрание би имал помалку ингеренции

admin

БИСЛИМОСКИ УВЕРУВА ДЕКА И ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПАЗАРОТ ЗА ПРИРОДЕН ГАС

ninja