10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

По децении запоставеност, конечно нов пат до најпознатата атракција на Охридското Езеро

Со инвестиција од 11,7 милиони евра, денеска беше пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид – Свети Наум, информира Министерството за транспорт и врски.

Патниот правец е во должина од 24,3 километри, а со реконструкцијата се подобрени безбедносните стандарди, вклучително и интервенции на одредени косини со цел зголемување на сообраќајната безбедност.

Во обраќањето по повод пуштањето на патот, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека овој патен правец е од клучно значење за охридскиот регион и туризмот.

„Реконструкцијата овозможува подобра достапност до туристички атракции како Заливот на Коските и ќе го олесни сообраќајот за жителите и туристите во текот на целата година,“ изјави Николоски, додавајќи дека делници од патот не биле реконструирани уште од времето на поранешна Југославија.

Николоски најави и дека Министерството работи на дополнителни инфраструктурни проекти.

„Оваа Влада функционира само 11 месеци, но се соочи со затекнати проблеми и застоени проекти. Го наследивме овој проект со бројни предизвици, но успеавме да ги надминеме и да го финализираме,“ изјави тој, изразувајќи благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за, како што рече, личната поддршка во следењето на реализацијата.

На настанот говореа и премиерот Мицкоски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

 

 

 

Related posts

Крајот на „Pax Americana“? Професори од Јеил предлагаат нови правила за светот

admin

Бајден: Хамас и Путин имаат иста цел-да ја уништат демократијата

admin

Уставот на раскрсница: „Ако веќе се отвора…“

admin

Николовски на распит за 800.000 евра, тврди дека случајот е монтиран

admin

Украина жестоко го нападна Моди: Поддржа лага на Путин

admin

Ахмети за првпат го постави државното знаме во својот партиски кабинет

admin