2.8 C
Скопје
23 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ ВО КОНГРЕСОТ: „ЌЕ ПОБЕДИМЕ БИДЕЈЌИ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ“

Посетата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на САД се очекуваше со нетрпение. Тој не ја напушти својата земја уште од почетокот на војната, на 24 февруари. По состанокот со американскиот претседател, Џо Бајден, во Белата куќа, Зеленски одржа и говор во американскиот Конгрес, на заедничката седница на Сенатот и на Представничкиот дом.

Аплаузот по влегувањето на Зеленски во конгресната сала траеше повеќе минути. Пратениците и сенаторите го дочекаа со оваации. Длабоко трогнат, украинскиот претседател стоеше на говорницата во маслинесто зелен воен џемпер и панталони. Потоа одржа речиси половиначасовен говор, кој повеќепати беше прекинуван со аплаузи.

Говорот на Зеленски во Конгресот беше проследен со овации
Говорот на Зеленски во Конгресот беше проследен со овацииФотографија: Carolyn Kaster/’AP Photo/picture alliance

Покрај сите неприлики и „сценарија за судниот ден“, Украина не падна, рече Зеленски. Украина е жива и здрава. Тој, воедно, се заблагодари на поддршката од САД. „Вашите средства не се милостина“, нагласи тој. „Тие се инвестиција во глобалната безбедност и демократија, и Украина со нив ќе се однесува со најголема одговорност.“

Бајден вети пакет помош вреден милијарди

На состанокот, претходно одржан во Белата куќа, американскиот претседател му вети на Зеленски нова воена помош за Украина во износ од 1,85 милијарди американски долари. Во тоа спаѓа и испораката на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, кој Зеленски го бараше со месеци. „Патриот“ може да неутрализира авиони или проектили и на поголема одалеченост, а се смета дека украинските војници за користење на овој систем веројатно ќе бидат обучени на американскиот воен полигон во Графенвер во Баварија.

Со оглед на тоа оти републиканците би можеле да ја блокираат помошта за Украина, бидејќи од јануари ќе имаат мнозинство во Представничкиот дом, Зеленски рече оти се надева дека двете партии во Конгресот ќе продолжат да ја поддржуваат Украина. Оваа борба, вели, ќе одлучи за светот во кој ќе живеат нашите деца и внуци, и нивните деца и внуци.

Демонстративна солидарност - Зеленски и Бајден пред Белата куќа
Демонстративна солидарност – Зеленски и Бајден пред Белата куќаФотографија: Kevin Lamarque/REUTERS

Зеленски потоа ја изненади претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, подарувјќи ѝ знаме од градот Бахмут со потписи на украинските војници кои се борат таму. Знамето, како што рече, е симбол на победа. „Цврсто стоиме, се бориме и ќе победиме бидејќи сме обединети – Украина, Америка и целиот слободен свет“, рече Зеленски. И додека Пелоси и потпретседателката Камала Харис го држеа украинското знаме во раце, тој се прости посакувајќи им на сите „среќен Божиќ и среќна победничка Нова година“./DW

Related posts

Средба Ковачевски-Мицкоски, дали ќе се договорат за уставните измени?

admin

Белата Куќа одби помилување на синот на Бајден

admin

ДВЕ СУСПЕНЗИИ ВО НАЈАВА ЗА „СЛУЧАЈОТ ОНИШЧЕНКО“

ninja

Сарацин со директна порака: Ризикувате многу ако не ги изгласате уставните измени

admin

ЗОШТО МНОЗИНСТВОТО Е ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ?

ninja

Долгогодишниот советник на Меркел се соочува со критики поради коментарите за Израел и Хамас

admin