28.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

И ЗАД БОМБИТЕ ВО КАВАДАРЦИ СЕ КРИЕ МАЛОЛЕТНИК

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против него. Ова е втор случај на пријава против малолетник поради лажните дојави за бомби во училиштата.

Полицијата откри кој стои зад лажните закани со бомби во Кавадарци. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека случајот за расчистен и денеска ќе биде поднесена кривична пријава. Според сознанијата на полицијата, и овој пат станува збор за малолетник кој ги испратил и-мејл пораките со лажни закани.

„Во однос на заканите за поставени бомби во Кавадарци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното Јавно обвинителство, така да откриен е сторителот и затворен е целиот случај”, информираше Спасовски.

Заканите беа испратени на почетокот на месецот на електронската адреса на пет училишта за поставена експлозивна направа. Антитерористичките проверки потврдија дека заканите се лажни. Ова е втор случај за  кој полицијата информира дека испраќачот на лажните дојави во училиштата е малолетно лице.

Оливер Спасовски
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против малолетникФотографија: Petr Stojanovski

Полицијата на 5.12 поднесе пријава за тероризам за малолетник од Скопје, кој испратил дел од заканите до училиштата. Тече истрагата за останатите закани кои ги празнат училиштата

Речиси два месеци траат тензиите, но и истрагата за лажните дојави за бомби коишто ги празнат македонските училишта, а последниот период места на закани станаа и институциите и министерствата. Сознанијата на надлежните институции се дека заканите најчесто се испратени преку ВПН конекции (виртуелни приватни мрежи) и дека не може да се добие една ИП адреса точно од каде е, туку се појавуваат илјадници ИП адреси во светот. Надлежните сметаат дека станува збор за хибридна војна, на чиј удар се најдоа и земјите од регионот, каде изминатиов период пристигнуваат слични дојави за поставени бомби.

Related posts

Работниците бараат повисоки плати, владата нуди минимални корекции

admin

ВМРО-ДПМЕ должи над 2 милиони евра, намален е за 6 милиони

admin

Граѓаните не веруваат дека нивната приватност е заштитена: Македонија потклекна со безбедносните реформи

admin

Хил: САД се разочарани и загрижени поради одлуката на Курти за табличките

ninja

Харадинај: Курти уште денеска да поднесе оставка, премал е да ја смени ориентацијата на Косово

admin

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

admin