28.8 C
Скопје
15 јуни, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

КОЛЕКТИВЕН ПРОПУСТ

Министерот за образование бара од Националната комисија за учебници да започне процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество. Авторите немаат вина. Вината е колективна! Образованието е на колена одамна! Никој не сакаше да види!

Пишува: Катерина Топалова

Ако отворите огласник на интернет, со мало пребарување ќе најдете индивидуалци кои за „малку“ пари ќе ви напишат семинарски труд. Ако се сретнете со нив, ќе прифатат за мааалку повеќе пари да ви напишат и магистерски труд. Не се сомневам дека има луѓе што и докторат ќе направат за пари.

И не е дека сум ја „открила Америка“ со оваа информација. Ништо ново! Ова вушност не беше нова информација ниту пред 15-тина години кога јас бев студентка, но срамежливи беа огласите на оние кои за пари го продаваа својот труд за некој друг да добие диплома.

Медиумите „истражуваа“ и пишуваа за ова и тогаш, но не е дека некого го потресе веста и нештата се сменија.

Е сега оние кои купија дипломи дојдоа до позиции. Сега се почитувани интелектуалци кои исто така гордо и без срам конкурираат на огласи за да напишат учебници. Кругот е таков. Сега тие ќе „продаваат“ мозок за нашите деца. Дојде данокот од семинарските за 350 денари. Тогаш беа copy-paste семинарски, сега се copy-paste учебници!

Не е ова пропуст на учебникарите! Не знам колкав пропуст е и на Министерството, оти пропустот е заеднички! Ние со години создаваме систем кој нема вредност, систем во кој секој ден се давиме се подлабоко, систем кој ни го загорчува животот и ни ги убива децата.

Тажно е како не само што не им даваме можност да летаат, ами им ги кратиме крилата уште пред тие да почнат да растат.

Колективната свест за градење на квалитетно образование е клучно за да се спасиме од дупката во која што пропаѓаме. Не можеме да бидеме конкурентни на ниту еден пазар со купени дипломи и препишани учебници. Оти пазарот постои за луѓето да го дадат својот максимум и да го олеснат својот и животот на луѓето околу нив. Нашиот максимум засега е да најдеме од која страна на гугл препишувале учебникарите кои ни ги образуваат децата.

Ама ако има нешто добро во сето ова е дека сега барем научивме каде е исток и каде запад. Научивме и колку е висок Монт Еверест!

 

Related posts

Европска бајка

admin

ШТО МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ЕВЕНТУАЛНОТО ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДАТА

admin

НИТУ ИМАЛО НИТУ ЌЕ ИМА СОГЛАСНОСТ МЕЃУ ДВЕТЕ МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ

admin

БУГАРИЈА, МАКЕДОНИЈА И „ПЛЕМИЊАТА“ ВО АВГАНИСТАН

admin

НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО СО САМО ЕДЕН ПРАТНИК ПОВЕЌЕ!

admin

2024: Работите ќе се влошат пред да се подобрат

admin