19.8 C
Скопје
12 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ОМБУДСМАНОТ ЗАТРУПАН СО ПРЕТСТАВКИ ЗА СУДОВИ И ИЗВРШИТЕЛИ

Годинава ќе заврши со над 3.000 претставки поднесени од страна на граѓаните, кои највеќе се жалат на судството и извршителите, но и потрошувачките и детските права.

Граѓанка на 70 години се стекна со државјанство. Првенка на генерација, институциите место да ја наградат се обиделе да ја казнат. Околу 400 деца чекаат упис во матичната книга на родени, а не е познат бројот на оние коишто се во меѓувреме се родени и немаат изводи. Ова се само дел од претставките коишто пристигнале на адреса на Народниот правобранител годинава, којшто постапувал по нив и барал институциите да ја исправат неправдата кон граѓаните.

Годинава ќе заврши со над 3.000 претставки поднесени од страна на граѓаните, кои највеќе се жалат на судството и извршителите.Во однос на заштитата на правата од областа на правосудството поднесени се 436 или 16,23% од претставките,  потоа следат оние од областа на детските права 254 или 9,46%, потрошувачките права, работните односи, социјалната заштита, имотно-правната област, урбанизмот и градбата…

По укинувањето на пресудата во предметот „Таргет-Тврдина“ и анкетите кои покажуваат ниско ниво на доверба на граѓаните во судството, народниот правобранител Насер Зибери на прес-конференција изрази сомнеж за капацитетите на правосудството. Тој не верува дека Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители можат сами да ја подобрат состојбата во правосудството.

Што ги мачи граѓаните? 

Народниот правобранител констатира помал број на сторени повреди во постапката на извршување, но го реафирмира ставот дека се неопходни системски измени во делот на пресметувањето на каматата, што значи каматата ќе го достигне главниот долг,таа да престане да тече. Сегашните законски одредби доведуваат до ситуации во кои  каматата која ја плаќа должникотпонекогаш е речиси тројно поголема од главниот долг.

Голем број од претставките се поднесени и за правата на потрошувачите, особено во делот на испораката на електрична енергија, а не е мал бројот ниту на претставките од областа на работните односи, каде доминираат поплаки за неоснованото поведување на дисциплинска постапка, право на годишен одмор, распоредување на пониско работно место, непочитување на законските одредби при унапредување и слично.

администрација
За разлика од порано, се намалува бројот на вработени во јавниот сектор / Фотографија: picture alliance/dpa/Patrick Pleul

Значително е зголемен бројот на примени претставки во областа детски правa и тоа во сите сегменти, посебно во делот на остварување на правото на образование, по воведувањето на новата концепција за основно образование која предвидуваше замена на хартиените со дигитални учебници, како и за проблемите со обезбедувањето на лични и образовни асистенти како поддршка на учениците со попреченост кои се инклузирани во општинските основни училишта. „За жал, најдобриот интерес на детето и еднаквиот пристап до правата не беше почитуван ниту во семејно-правните односи, во здравствената заштита, заштита од насилство и секаков вид злоупотреби на детето, а на децата без евидентирано раѓање, и покрај системското решение, им беше онезвоможено остварувањето на кое било право, односно и натаму се правно невидливи“, посочува Омбудсманот.

Се намалува бројот на институции 

Во однос на вкупниот број на вработени лица во јавниот сектор, Омбдусманот укажува дека во 2021 година, постои намалување на бројот на институции, односно листата е намалена за 17 субјекти, со тоа што бројот на вработени лица на збирно ниво е намален за 880 лица во споредба со лани. Ако минатата година вкупниот бројот на вработени лица изнесувал 134,979 лица, додека сега е 134.099 лица. Со новото ажурирање на институциите, забележано е дека одредени јавни установи се споени во еден субјект, додека одредени јавни претпријатија се укинати од страна на нивните основачи.

Посебниот Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор покажува дека има одреден напредок во спроведувањето на ова начело, вели Народниот правобранител, Насер Зибери.

Од 2007 година до 2021 година, може да се увиди дека застапеноста на Македонците во јавниот сектор од 83,72% во 2007 година, во 2021 година е на 72,8%, што е збирно намалување за 10,92%, додека застапеноста на Албанците во јавниот сектор од 10,8% во 2007 година, сега е 20,6%, што претставува зголемување од 9,8%.

Related posts

Трајанов ги носи измените на КЗ пред Уставниот суд

admin

Пожарите и поплавите најчести природни непогоди во Македонија, но кубуриме со кадри за справување со нив

admin

Министер на Курти допатува на средба кај Ахмети, реагира Касами

admin

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

admin

„Големото уво“ остана неказнето

admin

Пред да патувате дознајте во кои земји на ЕУ има најефтина облека, храна и престој

admin