2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Струјата може да поскапи 13 проценти

Цената на струјата би можела да се зголеми за 13 проценти доколку Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) ги прифати сите барања за цената на струјата, изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

РКЕ во наредниот период ќе ги анализира барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција има побарано зголемување на цената за дистрибуција од 32 проценти, МЕМО, операторот на пазарот на електрична енергија, од 83,3 проценти, а МЕПСО како оператор на преносниот систем од 53,51 процент.

„Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75 проценти, односно од 13 проценти. Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав не сум баш приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега“, рече Бислимовски, пренесува РСЕ.

Related posts

Косово утре гласа по тензична предизборна кампања

admin

Вучиќ продолжува консултации со партии за избори, ЕУ и безбедност

admin

Албанските општини на изборен крстопат: Тендери, коалиции и политички сојузништва пред 19 октомври

admin

Претрес во Скопје: пронајдена дрога, уапсен 49-годишник

admin

Судскиот совет: Предмет застарел во Апелација Скопје по 16 одложени расправи

admin

Дали коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е „надвор од масата“ на Алијанса за Албанците?

admin