7.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Хил предупреди дека Приштина ќе ги сноси последиците

Амбасадорот на Соединетите Држави во Србија, Кристофер Хил изјави дека Косово ќе ги сноси последиците поради постапките на Владата на Косово, јави РСЕ.

„Многу јасно и ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на владата на Курти. Секретарот Бликен исто така беше многу јасен дека тоа ќе има последици за односите со Приштина“, рече Хил во изјавата за новинарите во Белград.

Американскиот амбасадор предупреди дека не смее да се изгуби компасот и насоката на движење, наведувајќи дека тоа е бриселскиот дијалог, формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство и дека регионот треба да продолжи со евроинтеграциите.

Од 26 мај на северот на Косово се зголемија тензиите, а од тој ден новите лидери на Звечани, Лепосавиќ и Зубина Поток – сите Албанци, влегоа во општинските згради под придружба на косовската полиција.

Related posts

Анализа на РСЕ: Ние НЕ сме Европа

admin

Постапката за Беса Адеми – порака со далекусежни последици!

admin

Битката за уставни измени може да трае до редовните избори

admin

Петровска: Голем дел од буџетот на македонската одбрана е дониран на Украина

admin

Ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ, рече Бајден по телефонскиот разговор со Зеленски

ninja

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ЕУ: „СРАМНИ ПОСТАПКИ“

ninja