11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

МНР ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ПРАТЕНИКОТ КОСТАДИНОВ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА БУГАРИЈА

Министерството за надворешни работи денеска ја осуди изјавата на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија – Преродба, Костадин Костадинов. Министерството, како што се наведува во соопштението, исто како што и претходно реагирало и овој пат ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на Костадинов.

„Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање на нови канцеларии на Културно-информативниот центар како и во пресрет на Бизнис форумот меѓу Северна Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете Влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави“, соопштија од МНР.

Во исто време, од минситерството упатија апел до граѓаните на двете земји да не им подлегнуваат на ваквите провокации „кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги спречат двете држави во спроведувањето на искрените намери, реафирмирани од двете страни, за продлабочување на односите меѓу нашите држави и народи во духот на европските вредности“.

Костадинов кој денеска присуствуваше на отворањето на Културно информативниот центар на Бугарија во Скопје изјави дека Бугарија е од Охрид до Црното море, а Македонија е втора бугарска држава./RSE

Related posts

Бугарскиот парламент ќе расправа за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ

admin

80 години по Хирошима: Дали светот е на работ на нов нуклеарен кошмар?

admin

Владата прогласи кризна состојба поради пожари во Северна Македонија

admin

Лажни лекари измамиле двајца битолчани за 19.600 евра

admin

РАДЕВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ДА СЕ ДРЖИ ДО ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА

ninja

Зошто големите корупциски случаи остануваат без судски епилог?

admin