21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Судскиот совет: Предмет застарел во Апелација Скопје по 16 одложени расправи

Судскиот совет на Северна Македонија утврди сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, откако еден предмет застарел поради „неразумно одолжување“ на постапката, беше соопштено на седница на Советот во средата.

Според извештај на работна група презентиран на 538. седница на Советот, предметот бил во судот околу година и пол и достигнал апсолутна застареност на 30 декември 2025 година.

За случајот биле закажани вкупно 16 јавни расправи, што според членката на Советот Сузана Јошевска-Анастасовска укажува дека судијата не презел доволно мерки за предметот да биде завршен навреме.

Работната група, исто така, утврдила прекршувања на законските рокови за објавување на пресудите, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка.

Судскиот совет на седницата разгледуваше повеќе извештаи за работата на судии во второстепените судови, во рамки на постапка за утврдување на евентуални пропусти во постапувањето по судските предмети.

Related posts

Нов пресврт за Изборниот законик: Премиерот нуди компромис на опозицијата

admin

Тајни притисоци и лиценци? Поранешен директор со тешки обвинувања кон врвот на БЕСА

admin

Курти алармира: Радоичиќ планира нови напади на Косово

admin

Аеродромот во Хамбург останува затворен, полицијата се справува со „заложничката ситуација“

admin

Недостиг на работници: Околу 10 илјади слободни работни места

admin

Двајца полицајци од Велес примиле поткуп за да не изрекуваат глоба

admin