21.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Недостиг на работници: Околу 10 илјади слободни работни места

Околу 10 илјади работни места остануваат слободни заради отсуството на работна сила или кадар, пренесува Инбокс7.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.62 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 656, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Related posts

Нови избори, стари теми и истрошени дилеми

admin

Внимавајте со лажните наградни игри на социјалните мрежи: Со еден клик станувате мета на фишинг напади

admin

Што има внатре во нуклеарната топка на претседателот

admin

НÈ НАПРАВИВТЕ ГОРДИ СО ПОЖРТВУВАНОСТА

ninja

БОРЕЛ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ninja

Инфлацијата во Еврозоната на рекордно ниво

ninja