11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕУ И САД – НАЈПОСАКУВАНИ ПАРТНЕРИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Истражувањето на „Галуп интернешнл“ открива какво е јавното мислење во однос на ЕУ, САД, Русија и Кина, од аспект на посакувани економски и безбедносни партнери.

ЕУ е најпосакуван економски, а САД најпосакуван безбедносен партнер за  граѓаните на Република Северна Македонија.  Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од меѓународната асоцијација „Галуп интернешнл“ во 64 земји, во периодот август-октомври 2022 година, на репрезентативен примерок од 59.842 испитаници, интервјуирани „лице в лице“, телефонски или онлајн.

Според резултатите,  Европската Унија е најпосакуван партнер на Северна Македонијаво економската сфера според 34 отсто од испитаниците, а за 28 отсто и најпосакуван партнер во безбедносната сфера. За САД како најпосакуван економски партнер се изјасниле 18%, а  29% ги претпочитаат САД како партнер во безбедносната сфера.

Русија била посакуван економски партнер за 19% од испитаниците, а како безбедносен партнер за 23%. Од испитаниците во РСМ за посакуван партнер во економијата 12% ја сметале Кина, а за безбедносен партнер 6%.

Истражувањето содржи и резултати за преферирана економска и безбедносна соработка со блокот ЕУ/САД и Русија/Кина. Според резултатите од истражуваното јавно мислење за колективниот Запад (САД и ЕУ заедно), високи 52% од испитаниците во РСМ нив ги преферираат како економски партнери, а 57% и како партнери во сферата на безбедноста. За Русија и Кина (заедно) како за посакувани економски партнери се изјасниле 31%, а како за посакувани партнери во сферата на безбедноста 29%.

Mazedonien Zentrum von Skopje
Четирите сили

Вкупните резултати од 64 земји покажуваат, дека колективниот Запад (ЕУ и САД) останува попривлечен како економски (58%) така и како партнер во безбедноста (59%). За споредба, Кина и Русија заедно добиле 29% поддршка како економски, и 26% како безбедносен партнер. Сепак, истражувачите посочуваат и на одредени резерви.

„Важно да се забележи е дека овој сооднос два спрема еден е валиден, но без гласот на Кина – каде што истражувачката содржина е ограничена. Исто така, и без некои значајни арапски и африкански држави – повторно поради истата причина. Кога ќе се земат предвид овие специфики, најверојатно вистинската поделба низ светот е еднаква помеѓу Запад и Исток“, наведуваат од „Галуп Интернешнл“.

Оттаму ги посочуваат податоците дека ЕУ е најпривлечниот партнер во областа на економијата со 31%, додека САД ја држат позицијата на најпосакуваниот сојузник во сферата на безбедноста со 33% (со бројки кои не го вклучуваат кинеското јавно мислење). Додека Русија е на последното место меѓу четирите сили како економски партнер, таа има подобри резултати за прашањата на безбедносното партнерство и е рангирана пред Кина.

Шарено во регионот

Резултатите од истражувањето покажуваат  шаренило во регионот во однос на истражуваните преференции. За Србија, Русија е најпрефериран и економски, и безбедносен партнер. Конкретно, Русија е најпосакуван економски партнер за 38% од испитаниците, за 28% е ЕУ, за 13% Кина и за 5% САД. Србија е прва на листата како земја која ја претпочита Русија и за безбедносен партнер со високи 53%, ЕУ со 20%, Кина со 9% и САД со 4%. Кина и Русија како економски (51%) и безбедносни партнери (61%) се попосакувани од САД и ЕУ во соодветните категории со 33%, односно 24%.

Сосема спротивни се податоците од јавното мислење во Косово, каде ЕУ е посакуван економски партнер со 16 %, САД со 77 %, а Русија со 2%. И во сферата на безбедноста за Косово најпосакуван партнер се САД  со 77%, ЕУ со 17 % и Русија со 2%. САД и ЕУ со високи 90% се посакувани како економски, а со 93 % како безбедносни партнери, додека Русија и Кина соодветно само со 3%, односно со 2%.

„За повеќето од истражуваните општества, економијата и безбедноста одат рака под рака и мнозинствата ги бараат и двете од еден ист блок (ЕУ/САД или Русија/Кина), но има и мали исклучоци, кои се од суштествено значење. На пример, додека Кина изгледа како најпосакуваниот економски партнер за мнозинството во Јемен, Пакистан, Русија, Ирак и Етиопија, се чини дека во ниту една од анкетираните земји економското партнерство со Русија не може да добие одобрувачко мислење во мнозинството“, оценуваат истражувачите.

Кога станува збор за преференциите за безбедносно партнерство, Русија се смета за префериран потенцијален партнер во десетина земји, додека Кина само во две – Русија и Пакистан.

 

Related posts

Норвешкиот ер шатл воведе директен лет Скопје-Осло

admin

„БЕЛА ЧУМА“ ЈА ДЕСЕТКУВА МАКЕДОНИЈА

ninja

Џамија не може да добие возило од Агенцијата за управување со запленет имот, така вели законот

admin

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРСКО-СИРИСКИОТ ПОГРАНИЧЕН РЕГИОН

ninja

КРАЈНИОТ РОК ЗА ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЗА КОСОВО ПОМЕСТЕН ЗА 1 ДЕКЕМВРИ 2023

ninja

Николај Крастев: Партијата на Палевски беше една од двете антибугарски формации

admin