12.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Џамија не може да добие возило од Агенцијата за управување со запленет имот, така вели законот

Пишува: Весна К.

Кој побарал тој може и да добие. Агенцијата за управување со одземен имот, ќе донира возило на Џамија во Општина Арачиново. Немало ништо спорно, тврди директорот. Сепак според  утврдените надлежности на Агенцијата, на Здруженија на граѓани и фондации може да се донира само запленета храна, облека и пијалоци, други предмети без надоместок може да добијат само државни органи. Џамиите и црквите не се државни институции.

Директорот се пофали со донацијата, иако процедурата само што започнала

Иако и самиот наведува дека станува збор за започната процедура, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот се пофали на ФБ дека џамија во Општина Арачиново  ќе добие возило.

Агенцијата за управување со одземен имот обезбеди и пушти во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново, напиша директорот на Агенцијата Дритон Небиу.

Општина Харачина не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана. Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука! “се пофали Небиу

Откако оваа информацијата стана предмет на бројни реакции и коментари директорот  даде и дополнително објаснување, во кое вели дека  откако е на функцијата директор во Агенцијата, одговарал на секое барање доставено до таа институција, меѓу кои беше и барањето од страна на џамијата во Арачиново.

„ Како што е веќе познато на јавноста, Агенцијата согласно Законот бесплатно отстапува  одземени предмети на други државни органи и надлежни институции, преку кои отстапените  средства се донираат  за потребите на  оние кои доставуваат барања. Така е и во овој случај, Агенцијата согласно законот, на нивно барање, подготви предлог кој ќе биде проследен до управниот одбор и до Владата на РСМ за добивање согласност, за која што верувам дека ќе биде позитивна, со оглед на тоа што верските џамии или цркви се институции од општествен карактер, чија намена е за граѓаните, за споделување и ширењето на мир и спокој во општеството. Ние секогаш стоиме во интерес и за доброто на граѓаните. Надлежната дејност Агенцијата за управување со одземен имот ја врши во поглед на социјалната реупотреба и бесплатно отстапување на одземени добра за општествени цели, во кои ќе биде вклучен граѓанскиот сектор и тоа ќе биде и понатаму примарен приоритет во работењето – изјави Небиу.

„Агенцијата нема направено никаков законски прекршок, покренатае иницијативата, но возилото се уште не е доделено. Тоа што ние го дадовме како предлог треба да помине најпрво на Управен одбор. Потоа ќе чекаме согласност и од владата. Постапуваме согласно законските надлежности на Агенцијата. Џамиите и Црквите се институции од општествен карактер чија намера е да шират мир и спокој во опшеството, во изјава за Телма кажа директорот на Агенцијата.

Нешто подоцна следуваше објава и за постапка за уште една донација којашто била во тек, а се однесува на Бигорскиот манастир.

„Агенцијата за управување со одземен имот има законско право да донира запленета стока на сите државни институции, а за таа цел Агенцијата се вклучува да помогне во усогласувањето со законските прописи на сите граѓани и државни институции на Република Северна Македонија, согласно со барање на „Односи со верски заедници“ на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител, имаме законска одлука која е веќе помината на Управниот одбор и се очекува одобрение од Владата за донирање на оваа верска институција, соопшти директорот на Агенцијата, Дритон Небиу Според  објавениот документот од Агенцијата, манастирот ќе добие лустери, теписи, чајник, кандило и темјан.

Сепак во рамките на надлежностите на Агенцијата за управување со одземен имот се посочува дека Агенцијата може одредени предмети како храна, облека и безалкохолни пијалоци да ги отстапи без надоместок на државни органи, здруженија на граѓани и фондации, за што ја известува Владата, но без надоместок одземени предмети со правосилна одлука може да доделува само на други државни органи.

Постои таква пракса, приватни и правни лица да донираат на регистрираните верски субјекти. Но, да се утврдат деталите за овој случај, е ставот на директорот на Комисијата за односи со верските заедници, м-р Даријан Сотировски.

Директорот на Агенцијата за управување со запленет имот вели дека секој што побарал помош и добил, меѓутоа јавноста до сега не слушнала дека донација добиле, на пример, Дом за стари лица, некоја болница или пак Установа за згрижување на лица со попреченост.

Related posts

Осум години – многу или малку за судски епилог?

admin

КОЛКУ МНОГУ АГЕНТИ

ninja

Ердоган се договара со Оган, неговите гласови се клучни за победа

admin

Пожарите и поплавите најчести природни непогоди во Македонија, но кубуриме со кадри за справување со нив

admin

Вучиќ и Османи со меѓусебни обвинувања, Косово бара од ЕУ да ги тргне санкциите

admin

Македонија го трасира патот на извозник и лидер во регионот по производство на зелена струја

admin