27.9 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ахмети до Рама: Продолжи по патот на помирување и интеграција, со омраза не се живее

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во порака до премиерот на Албанија, Еди Рама, го повика да продолжи по патот на помирување и интеграција, оценувајќи дека „со вековна омраза не се живее“.

Во објава на социјалните мрежи, Ахмети ја поздрави победата на Социјалистичката партија на парламентарните избори во Албанија, нарекувајќи ја „спектакуларна и плебисцитарна“.

„Не можеше да има подобро место за прогласување на европската победа на Албанија, од плоштадот на нашиот национален херој, Скендербег“, напиша Ахмети.

Ахмети изрази задоволство што, како што рече, токму Рама ја има одговорноста да ја води Албанија кон Европската Унија.

„Те охрабрувам, Еди, да продолжиш по патот на помирување и интеграција. Регионов има потреба од мир, а не од историски конфликти. Секогаш сум бил покрај тебе, било за официјализирањето на албанскиот јазик, било за иницијативите како Коридорот 8 и заедничката азбука“, наведе тој.

Ахмети предупреди дека постигнатите резултати во регионот се „сериозно загрозени“ и повика на заедничка работа за нивна заштита.

„Имаме уште многу работа пред нас. Времето покажува дека мораме да ги браниме постигнатите успеси. Ќе се спротивставиме на секој обид за враќање назад“, додаде тој.

Пораката Ахмети ја заврши со лична нота, изразувајќи желба за скорешна средба со Рама: „Те прегрнувам како брат, ти посакувам здравје и успех и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата заедничка европска патека.“

.

 

 

Related posts

Касами бара уште еден мандат за да ја продолжи “трансформацијата на Тетово”

admin

Научник тврди: Безбедно е да се испие само една чаша вино годишно

admin

Евровизија 2026 почнува во сенка на бојкоти и политички поделби поради Израел

admin

ВЛЕН прашува: Дали црната листа на САД ја менува реториката на ДУИ?

admin

„И јас ќе станам ветеран“: Ахмети откри дека се повлекува од лидерската позиција

admin

ДУИ обвини за етничка исклученост при новите вработувања во Архивот

admin