21.8 C
Скопје
23 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„И јас ќе станам ветеран“: Ахмети откри дека се повлекува од лидерската позиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека во иднина ќе се повлече од претседателската функција во партијата и ќе се приклучи на редовите на партиските ветерани.

Говорејќи на Изборното собрание на ДУИ во Куманово, Ахмети рече дека партијата спровела длабоки кадровски промени, при што се сменети 83 проценти од централното раководство и 73 проценти од раководството на огранокот во Куманово.

„Сите што ја основаа ОНА и ДУИ денес се наредуваат зад 73 проценти млади момчиња и девојки. Нашата мисија отсекогаш била да изградиме нови генерации“, рече Ахмети.

Тој посочи дека поранешните функционери постепено ќе добиваат улога во Комитетот на ветерани, споменувајќи го и поранешниот министер Садула Дураку.

„По тебе доаѓам јас. Нема вечно да останам претседател на партијата. И јас сакам да застанам меѓу ветераните и членовите на ДУИ да видат како се бори еден ветеран“, изјави Ахмети.

Од 2024 година, од кога замина во опозиција по дводецениско учество во власта, ДУИ спроведува внатрепартиска реорганизација и промовира помлади кадри на раководни позиции, во обид за политичко и генерациско обновување на партијата.

Related posts

Зошто инфлацијата во Западен Балкан е повисока отколку во ЕУ и САД?

ninja

Пендаровски реагира за посетата на Курти: Организаторите мора да бидат казнети

admin

ВАРХЕЈИ – СОФИЈА И СКОПЈЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ТЕНЗИИТЕ, ОДГОВОРНИТЕ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ДА СЕ СООЧАТ СО ПРАВДАТА

ninja

Касами го кандисува, Таравари не сака да биде претседател

admin

Како обвинителството ги најде 350.000 евра сокриени во ѕид од судијата Ристов?

admin

Многу бабици, неизвесни реформи

admin