20.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ЕП: ДЕЛУМНО ПРИЗНАНИЕ ОД ЕВА КАИЛИ

Притворената поранешна потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, делумно признала вина во корупцискиот скандал – таа го овластила својот татко да сокрие куфер полн со пари, јавуваат неколку медиуми.

Како што известуваат дневните весници „Ле соир“ и „Ла република“ денеска, повикувајќи се на документи од истрагата, 44-годишната грчка политичарка признала меѓу другото дека пред своето апсење го овластила својот татко да сокрие големи суми пари.

„Каили ни призна дека отпорано знаела за недозволените активности на својот животен сопатник со Панцери и дека низ нејзиниот стан биле шверцувани куфери со пари“, стои во цитатот од истражниот судија кој го пренесуваат весниците.

Каили моментално се наоѓа во истражен затвор, исто како и нејзиниот партнер, како и поранешниот италијански европратеник Антонио Панцери. Таткото на Каили на 9 декември беше уапсен при обид да скрие куфер полн со пари во бриселски хотел, откако Каили му испратила предупредување поради опсежната рација спроведена од страна на белгиските власти. Каили исто така се обидела да предупреди и уште двајца европратеници, пишуваат двата весници.

Адвокатот на Ева Каили, Андре Рисопулос, во одговорот на барањето од весниците за изнесување став, изразил лично незадоволство што новинарите добиле пристап до документите, без да потврди дали станува збор за делумно признание на вина.

Во меѓувреме, по дадената дозвола од суд во италијански град Брескиа, во Белгија е испорачана сопругата на обвинетиот Антонио Панцери, против која е издаден европски налог за апсење. Обвинителството ја товари за корупција, перење пари и членство во криминално здружение. Досега таа беше во куќен притвор заедно со својата ќерка, за чие испорачување исто така се води постапка.

Сопругата на Панцери тврди дека немала никакви сознанија за активностите на својот маж.Поранешниот социјалдемократски италијански европратеник Антонио Панцери се смета за една од  централните фигури во корупцискиот скандал  поврзан со  примање мито од заливските држави Катар и Мароко,  заедно со поранешната потпретседателка на ЕП, Ева Каили.

Related posts

СДСМ за пречекот на Курти во Тетово и Чаир: Касами и Гаши се партнери на Мицкоски

admin

Маричиќ: Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

admin

СДСМ: Скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали средствата за чист воздух и ја фаворизираше корупцијата

admin

Само еден кандидат – 18.000 членови на СДСМ гласаа за Филипче

admin

Триглав со ново партнерство за женско лидерство

admin

Владата може да именува повереници ако пропаднат изборите во општините

admin