10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ: Скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали средствата за чист воздух и ја фаворизираше корупцијата

СДСМ обвини дека Владата на ДПМНЕ не презема доволно мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје, додека буџетските средства за чист воздух и заштита на животната средина биле значително намалени.

„Скопјани се гушат во загаден воздух, а власта не презема ништо за тоа. Пари има за криминални тендери, но нема за мерки и политики за борба против загадувањето“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Партијата истакнува дека ветената милијарда за чист воздух и намалување на загадувањето за 50% не беше реализирана. Напротив, според СДСМ, во Буџетот за 2025 година, средствата за проекти за чист воздух се намалени за 51%, додека средствата за заштита на животната средина се намалени за 25%.

„ДПМНЕ го зголеми бројот на тендери за избрани фирми, вклучувајќи 161 тендер за една компанија и 9 милиони евра за друга фирма со само двајца вработени. Нема бегање од вистината“, додаваат од партијата.

СДСМ потенцира дека во периодот на нивното владеење, Планот за чист воздух, првиот стратешки документ на влада за борба со аерозагадувањето, донесе конкретни резултати, вклучително замена на нееколошкиот начин на греење во јавни објекти и градинки. Ова резултирало со годишно намалување на штетните честички ПМ2.5 за 564 кг и на ПМ10 за 735 кг, според сите мерни станици.

„ДПМНЕ требаше да продолжи и да ги засили мерките, но наместо тоа избра криминални тендери пред здравјето на луѓето. Затоа скопјани денеска се гушат“, заклучуваат од СДСМ.

 

Related posts

Ја нарече ДУИ “канцер”, Таравари доби понуда од Меџити

admin

Силна поддршка од Шпанија за македонските евроинтеграции

ninja

Шолц во Атина: Може ли Грција да ја снабдува ЕУ со енергија?

ninja

Тиват ќе покаже сè: Дали Македонија останува сама на европската раскрсница?

admin

Мендух Тачи повторно на чело на ДПА – делегатите донесоа едногласна одлука

admin

НАТО се подготвува за напад од Русија, започнува најголемата воена вежба

admin