29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Внатрепартиски тензии во БЕСА: Дали Билал Касами ќе ја напушти Владата?

Владата на премиерот Христијан Мицкоски се соочува со отворени тензии во рамките на коалицијата, откако БЕСА не успеала да го разреши својот министер, Фатмир Лимани.

Овој развој стана јасен во последните денови, кога барањето на БЕСА за разрешување на министерот беше јавно одбиено од премиерот Мицкоски. Политичките аналитичари оценуваат дека овој момент покажува дека одлучувањето во Владата останува претежно во рацете на премиерот, додека коалициските партнери имаат ограничена улога.

„Фактот дека Билал Касами и БЕСА не можат да го разрешат својот министер говори повеќе од секоја политичка изјава. Ова укажува на недостаток на реална одлучувачка моќ во Владата“, велат извори од БЕСА во Тетово.

Тензиите меѓу партнерите не се нови. Во минатото, Мицкоски јавно го игнорираше Касами на повеќе настани, вклучувајќи ги и средбите во Тетово, градот каде што Касами стана градоначалник. Овие јавни демонстрации на доминација беа интерпретирани како сигнал дека Владата, според аналитичарите, е во главно под контрола на премиерот, додека коалициските партнери се формална компонента.

Исклучително остри реакции дојдоа од поранешни функционери, но сегашни членови на БЕСА. Седат Рушани, поранешен директор на Бирото за метеорологија и основач на огранокот на БЕСА во Желино, јавно го демантираше и предизвикува Касами. „Јас сум победник во најмалку две изборни циклуси во мојата општина, со резултати кои многумина не ги постигнале“, рече Рушани. Тој праша: „Каде е мојата неодговорност? На која основа беше донесена одлуката за моето разрешување? Дали причината е што не прифатив пазарења, корупција и потчинетост, што не им се допадна на лидерите?“

Исто така, Рушани го предизвика на јавна телевизиска дебата, нудејќи да ги открие имињата, датумите и фактите зад неговото разрешување. „Ако некој мисли дека лажам, повикувам ТВ21 да ми даде 10 минути да ја објаснам целата позадина од почеток до крај. Која било инволвирана структура ќе биде именувана“, додаде тој.

Од друга страна, Алберт Асани, висок функционер на БЕСА и близок со Фатмир Лимани, исто така повика на јавна дебата за перформансите на министрите. „Да зборуваат фактите, а не пропагандата. Кој донесе повеќе конкретни резултати, кој реализираше повеќе проекти и вработувања?“, рече Асани. Тој посочи дека некои лица го злоупотребуваат името на Лимани за лични и клановски интереси.

Премиерот Мицкоски, пак, јавно го поддржа Лимани. Тој го оцени министерот како „додадена вредност за Министерството за социјална политика, демографија и млади“ и изрази задоволство од неговата работа. “Јас сум мандатар и јас ја составувам владата. Ако некој заборавил, еве да го потсетам”, рече Мицкоски алудирајќи на Касами, кој во дебата на ТВ21 рече дека сите функционери кои немаат резултати ќе бидат разрешени како Рушани.

Аналитичарите сметаат дека сегашната ситуација може да ја натера БЕСА да фо преиспита своето учество во Владата. Останувањето на власт без реална одлучувачка моќ може да резултира со изборен пораз и слабеење на политичкиот идентитет на партијата, оценуваат тие. Една од можните стратегии, според аналитичарите, е враќање на БЕСА во опозиција, со консолидирани структури и јасна политичка платформа, со цел да се врати довербата на албанскиот електорат.

 

Related posts

Филипче: Имам „златна виза“ за ОАЕ, но не поради инвестиции во Дубаи

admin

Таравари за Топ Чанел: Албанците во С.Македонија продолжуваат да бидат дискриминирани

admin

Наставник од Битола цела година држел настава без да знае дека добил отказ

admin

Мелони: Италијанскиот модел за центри за мигранти во Албанија станува европски стандард

admin

Радев со порака до Силјановска-Дафкова: Променете ја реториката

admin

ЕУ повикува на дијалог за испитот по правосудство на албански јазик, протестите оценети како легитимни

admin