15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од 600 до над 2.800 денари повеќе: процентуалното зголемување повторно прави разлика меѓу пензиите

Пензиите во Северна Македонија ќе се зголемат за меѓу 3 и 3,5 проценти со редовното септемвриско усогласување, а точниот процент ќе биде познат на почетокот на следната недела, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Зголемувањето ќе биде вклучено во септемвриската пензија, која се исплаќа на 1 октомври.

„Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме конечните параметри“, изјави Велковски, додавајќи дека според досегашните показатели зголемувањето би требало да изнесува меѓу 3 и 3,5 проценти.

Со ова се враќа законското процентуално усогласување на пензиите, по периодот во кој Владата спроведуваше линеарни зголемувања.

Точниот износ што ќе го добие секој пензионер ќе зависи од висината на неговата сегашна пензија.

Доколку усогласувањето биде 3,5%, пензија од 20.000 денари би се зголемила за околу 700 денари, пензија од 30.000 денари за околу 1.050 денари, а пензија од 40.000 денари за околу 1.400 денари.

Кај пензија од 60.000 денари зголемувањето би изнесувало околу 2.100 денари.

Ако конечната стапка биде 3%, износите ќе бидат нешто пониски.

Редовното усогласување се врши согласно законската методологија, која ги зема предвид движењата на платите и трошоците за живот.

Конечната пресметка ќе биде направена откако ќе бидат достапни последните потребни статистички параметри за август.

За разлика од линеарното зголемување, каде што сите пензионери добиваат ист износ, процентуалниот модел значи дека номинално поголемо покачување ќе добијат оние со повисоки пензии.

Related posts

Доматите, краставиците, праските стануваат „суво злато“ – намаленото производство ги покачи цените

admin

Се распушти вооружената ПКК, важен чекор за Турција без тероризам

admin

Што се разговарало на средбата Блинкен-Ковачевски? Ескобар вели дека корупцијата била главна тема

admin

Ниту „Вреди“, ниту ВМРО-ДПМНЕ го даваат Африм Гаши

admin

ВЛЕН обвинува за инструментализација, студентите најавуваат масовен протест

admin

Емоции, аплаузи и нов почеток: УЈИЕ ја испрати 22-та генерација дипломци

admin