17.8 C
Скопје
20 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Што се разговарало на средбата Блинкен-Ковачевски? Ескобар вели дека корупцијата била главна тема

Целосно се усогласивме со премиерот Димитар Ковачевски околу посветеноста заеднички да работиме на прашањата за владеење на правото и корупцијата, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар кој, заедно со државниот секретар Ентони Блинкен, го пречекаа Ковачевски во Вашингтон на почетокот на оваа недела.

„Нашата намера беше да ја зајакнеме нашата поддршка за Северна Македонија. И Северна Македонија повторно ја повтори својата поддршка за трансатлантското единство и за нашите напори да обезбедиме не само европска, туку и регионална стабилност. Тоа беше важен дел од дискусијата. Разговаравме и за потенцијалот на Северна Македонија да учествува во диверзификацијата на изворите на енергија во регионот“, рече Ескобар.

Тој, во интервју за Гласот на Америка, освен за посетата на македонската делегација и резултатите од неа, зборува и за уставните измени, дезинформациите и сомнежите за можна корупција поврзани со надзорот на изградбата на автопатите.

Зборувајќи за уставните измени за имплементација на Францускиот предлог, Ескобар вели: “Нашата најголема грижа е дека ќе изгубиме време. И, знаете, ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија.”

Ескобар вели дека на оваа тема зборувал и со опозицијата, но не го коментара ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласа за уставните измени.

“Не би сакал да ја коментирам суштината на нашите дипломатски разговори. Јас би рекол дека опозицијата има некои свои мислења за тоа. Но, она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее.”

“Имаме дијалог со владата за конкретни наводи и конкретна поддршка што можеме да ја дадеме. Можам да ви кажам дека од Вашингтон, нашата најголема грижа е дека корупцијата е еден од најголемите предизвици за целиот регион, не само за Северна Македонија. Секретарот Блинкен и премиерот Ковачевски долго разговараа за тоа за време на нивниот состанок, за начините на кои можеме да работиме заедно за намалување на корупцијата во регионот.”

Ние не коментираме конкретно за поединечни санкции. Сè што можам да кажам е дека ние сме посветени да ги користиме сите наши алатки, вклучително и санкциите, за борба против корупцијата, каде и да ја откриеме.”

Глас на Америка: А се финализираат ли можни назначувања откако неодамна тимот за санкции од Вашингтон и глобалниот координатор за антикорупција на Стејт департментот Ричард Нефју го посетија Скопје?

Ескобар: Не можам навистина да коментирам за поединечни случаи, но можам да кажам дека САД се посветени на користење на сите свои алатки за борба против корупцијата.

Related posts

РОДНИНИТЕ ЧЕКААТ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ СТРУМА

ninja

Мицковски: СДСМ и ДУИ формираа антимакедонски фронт

admin

Приведени три крадци од Куманово

admin

Продолжуваат неправилностите во болниците, Обвинителството со нов предмет

admin

ИЛУЗИЈА Е ДЕКА ЕУ ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КОРУПЦИЈА И ПАРТИЗАЦИЈА, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ

ninja

Саманта Пауер: Руската инвазија на Украина влијае на светската безбедност на храната

ninja