12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Скандал во МВР: Секое петто боледување лажно – казни од 1,2 милиони денари

Речиси секое петто боледување кај вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР) содржи неправилности, покажала контрола на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), при што се изречени казни во вкупна вредност од 1,2 милиони денари.

Контролата, спроведена на барање на МВР поради сомнежи за злоупотреби, опфатила 80 осигурени лица – припадници на полицијата – кои во втората половина на 2025 година искористиле 514 боледувања. Од нив, 83 траеле подолго од 30 дена, соопштија надлежните.

Според резултатите, неправилности се утврдени кај околу 20% од случаите.

ФЗО извршил проверки во вкупно 105 приватни здравствени установи, главно ординации на матични лекари, но и кај гинеколози и стоматолози. За подолгите боледувања биле контролирани и првостепените и второстепените лекарски комисии.

Главните прекршоци се однесуваат на непочитување на дијагностичките процедури и надминување на дозволеното времетраење на боледувањата.

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, изјави дека дел од боледувањата се оправдани, но дека постојат и злоупотреби, при што некои осигуреници отворале последователни боледувања со различни дијагнози.

„Имаме случаи каде лице зема боледување од седум дена, се враќа на работа еден ден, а потоа повторно отвора ново боледување со друга дијагноза“, рече Клековски.

Во еден од случаите, полициски службеник сменил четири матични лекари во период од година и пол за да обезбеди боледувања.

Најчестите дијагнози врз основа на кои се издавале боледувања се однесуваат на болести на респираторниот, мускулно-скелетниот и дигестивниот систем.

За утврдените неправилности, ФЗО изрекол глоби и за приватни и за јавни здравствени установи.

Related posts

СДСМ ја нападна реконструкцијата: „Српскиот свет“ добива влијание во 80 општини

admin

Синдикатите го блокираат Собранието, Гаши: Тие нека протестираат, ние ќе работиме

admin

Реформите во високото образование: дали се загрозуваат приватните научни институти?

admin

Уште неизбрано, новото раководство на СДСМ го чека „ѓаволски тешка“ работа

admin

Во Куманово ќе се потврдува поддршката за Таравари

admin

Милошоски бара шпанска помош за спорот со Бугарија – дали Мадрид ќе отвори нов пат кон ЕУ?

admin