31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Државата подготвува нови мерки за инфертилитет, адолесценти и родово насилство

Министерството за здравство информираше дека е во тек постапката за усвојување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026–2030 година, придружена со Акциски план за имплементација за периодот 2026–2028.

Стратегијата е подготвена со поддршка од World Health Organization, Канцеларијата на УНФПА во Скопје и МАГО, со учество на граѓански организации, здравствени институции и релевантни министерства.

„Новата стратегија се темели на мултисекторски пристап кон унапредување на здравјето, интеграција на јавното здравје, образованието и социјалната заштита, усогласеност со политиките на Европската Унија и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, како и на фокус кон човековите права и еднаков пристап до здравствени услуги“, изјави Нермина Факовиќ, координатор за еднакви можности при Министерството за здравство, на 10-тиот состанок на секторската група за здравство.

Во документот се предвидени конкретни мерки и активности во неколку приоритетни области, како: планирање на семејството и третман на инфертилитет, безбедно мајчинство и здравје на новороденчиња, сексуално преносливи инфекции и малигни неоплазми, сексуално и репродуктивно здравје на адолесценти, родово базирано насилство и менопауза и кризни состојби.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека во рамки на стратешкиот период 2026–2030 се предвидени неколку главни цели.

„Предвидено е подобрување на пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, подигнување на јавната свест за сексуалното и репродуктивното здравје, јакнење на капацитетите на здравствениот систем, обезбедување интегрирани и квалитетни здравствени услуги, како и подобро управување со здравствените податоци и информации“, рече Алиу.

Од Министерството додаваат дека во процесот на консултации и финализирање на стратегијата се вклучени стручни здруженија, граѓански организации и пошироката јавност.

Related posts

Сиљановска Давкова го разреши Муслиу, тој ја обвини дека попуштила пред политичките притисоци

admin

САД ја обновуваат финансиската поддршка за НЕД по тужбата за замрзнатите средства

admin

СДСМ за пречекот на Курти во Тетово и Чаир: Касами и Гаши се партнери на Мицкоски

admin

ВО ЖИВО Избори во Турција: Од 35% избројани гласови, води Ердоган

admin

Верските организации се креваат против законите за матична евиденција и род

admin

ЃУКАНОВИЌ ГО РАСПУШТИ ЦРНОГОРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

ninja