35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

УЈИЕ станува дел од престижната меѓународна мрежа CEEMAN

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) стана член на CEEMAN (Central and East European Management Development Association), меѓународна мрежа во областа на развојот на менаџментот и високото образование со седиште во Блед, Словенија.

CEEMAN обезбедува глобална платформа за соработка, иновации и размена на најдобри практики, со цел унапредување на квалитетот на менаџерското образование и поврзување на академските институции ширум светот. Мрежата вклучува околу 180 членки од 50 земји во Европа, Северна Америка, Латинска Америка, Африка и Азија.

„Со над 80 студиски програми организирани на седум факултети, УЈИЕ нуди современа и инклузивна средина, која промовира меѓукултурен дијалог и соработка. Универзитетот се издвојува по напредни наставни методологии, дигитална инфраструктура и пристап ориентиран кон пракса, подготвувајќи ги студентите за предизвиците на сè поконкурентниот глобален пазар“, се наведува во соопштение на мрежата.

Членството на УЈИЕ претставува чекор напред во процесот на интернационализација на универзитетот и ја потврдува неговата насоченост кон академски квалитет, иновации и современи наставни пристапи.

 

Related posts

Поддршката на МПЦ – ОА за проруската Украинска црква не е изненадување

admin

Ги чита ли РСМ знаците покрај патот?

admin

Пратеникот Лефков обвинува за „синхронизиран напад“ откако бугарски медиум објави детали за неговото семејство

admin

Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша иднина“ ако сојузниците не помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец

admin

Власта и опозицијата со спротивставени резолуции за миграцијата

admin

Вучиќ бара помош од Запад: Грижете се за Косово

admin