25.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

РУСИЈА ГИ ОБВИНУВА САД ЗА „ИНДИРЕКТНА ВОЈНА“

Кремљ реагира остро на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон и ги обвинува САД за водење „индиректна војна“.

По посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, Русија ги критикува остро и Украина и САД. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, смета дека посетата на Зеленски на Вашингтон ја покажува неподготвеноста за преговори со Русија. „Со жалење мора да констатираме дека досега ниту претседателот Бајден ниту претседателот Зеленски не рекоа нешто што би можело да се нарече потенцијална подготвеност за да се слушне Русија“, нагласи Песков.

Според него, во текот на посетата на Зеленски на САД немало „вистински мировни апели“. Тоа однесување на САД покажува „дека САД ја продолжуваат својата линија на де факто индиректна војна со Русија до последниот Украинец“, изјави Песков.

Слична изјава претходно даде и рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, кој ги обвини САД за водење „заменска војна“ против Русија. Тврдењето на американската влада дека не сакаат конфронтација со Русија не е ништо друго освен „празни зборови“, зашто ниту Украина ниту САД не покажале подготвеност за преговори и наместо тоа шират „лаги“ дека Русија не е заинтересирана за мирно решение на конфликтот, тврди Антонов.

Посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон беше негово прво патување во странство откако е почната руската инвазија.

Related posts

Мицкоски: Мојата стратегија успешно се реализира

admin

Бајден вели дека помошта може да влезе во Газа во петок

admin

Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница во ОН

admin

Хан со повик: Зграпчете го моментот за во ЕУ

admin

Османи се сретна со Ескобар

admin

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА СО ЕВРООБВРЗНИЦАТА

ninja