9.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ХАШКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ТАЧИ И ОБВИНЕТИТЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ЌЕ ПОЧНЕ ВО МАРТ

Хашкиот процес против поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за воени злосторства во Косово и Албанија, 1998-1999 година, треба да започне на 1 март следната година.

Ова го соопштија од Советот за расправа на американскиот судија Чарлс Смит во Хаг од документ објавен на веб-страницата на судот за злосторства извршени од борците на ОВК.

Судскиот совет закажа две прелиминарни рочишта за 17 јануари и почетокот на февруари 2023 година. Доколку процедуралните подготовки завршат навреме, советот на судијата Смит би требало да го закаже почетокот на судењето за 1 март, кога обвинителите би го дале воведниот збор.

Во текот на судењето, обвинителите планираат да го вклучат исказот на 319 сведоци.

Во комисијата што ќе им суди на Тачи и тројцата обвинети офицери на ОВК ќе бидат и судиите Гунаел Метра од Швајцарија, Кристоф Барте од Германија и резервниот судија Фергал Гејнор од Република Ирска.

Заедно со Тачи, за злосторства над Албанците, Србите и Ромите беа обвинети и членовите на Главниот штаб на ОВК Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Related posts

Се намалува бројот на учениците во С.Македонија

admin

Вучиќ нема контрола на северот на Косово: кој ги командува вооружените групи?

admin

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ во јавноста шири хистерија, а во амбасадата на САД “преди како маче”

admin

И САД воведоа санкции за Путин и Лавров

ninja

Туризмот колатерална штета на македонско бугарскиот спор

admin

Кина и Русија го критикуваат Израел, се заоструваат поделбите со Западот

admin