14.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Свечла му порача на Вучиќ: Ако се обиде да влезе во Косово, ќе го уапсиме

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, реагираше по поставувањето на неколку провокативни плакати на северот на Косово, каде се вели дека „го чекаат да дојде претседателот на Србија“ нарекувајќи го „командант“.

Свечла изјави дека доколку Вучиќ дојде на Косово без официјална дозвола на Приштина, ќе биде ставен зад решетки.

„Тие во текот на ноќта прикриено залепија некои плакати на северот на Косово. Таму велат дека чекаат да дојде претседателот на Србија нарекувајќи го „командант“. Ако си тргнал без барање до нашето МНР, тогаш го чекаме да дојде и потоа да го посетите во затвор, каде што веќе има некои свои пријатели“, напиша Свечла.

„Врховен командант, те чекаме!“. Тоа е пораката што оваа недела се чита на плакатите поставени низ северот на Косово, а ја придружува фотографијата на српскиот претседател Александер Вучиќ.

Сликите беа прикажани во северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, во четирите општини населени со мнозинство Срби.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, за Радио Слободна Европа потврди дека властите покренале истрага за „поттикнување омраза“.

Во моментов, според Елшан, нема осомничени за поставување на овие плакати, но „полицијата работи на расветлување на случајот“.

Related posts

ДЕНОВИ НА ОДЛУКА ЗА АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА

ninja

Почина Тото Котуњо

admin

Снежна блокада во Македонија: Тешките возила забранети на Струга–Кафасан, Попова Шапка под снег

admin

Пратениците од треттата изборна единица пријавиле имот од скоро 2.5 милиони евра

admin

Рубио ја отфрли иранската понуда за Ормускиот Теснец, преговорите во ќорсокак

admin

Обезбедена континуирана терапија за ретки болести, новиот закон ќе го забрза пристапот до лекови

admin