16.3 C
Скопје
17 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПЕНДАРОВСКИ МУ ВОЗВРАТИ НА МИЛКОВ: ДАЈТЕ ДОКАЗИ!

Претседателот Стево Пендаровски одговори на обвинувањата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков. Пендаровски му возврати дека „тој не ја познава историјата, бидејќи дека на Голи оток не се одело зашто некој бил Македонец или Бугарин, туку дали си за Тито или за Сталин“.

Во интервју за Топ Тема, кое во целост ќе се емитува утре на обвинувањата на Милков дека македонскиот претседател ги прикрива политиките на државата за дискриминација на македонските Бугари, Пендаровски со одговор: Дајте докази!

Милков претходно не сакаше да ги коментира последните изјави на Пендаровски, наведувајќи наместо тоа некои случувања од минатото.

„Како доктор по историја можам да кажам дека ако има жртви на едната страна – спомнува 12 лица, би споменал илјадници луѓе кои биле масакрирани, 300.000 протерани меѓу двете војни. Сигурно слушнал за Голи Оток, каде што стотици Бугари беа интернирани и загинаа по Втората светска војна, само затоа што имаат бугарска самосвест. Тие немаат поим за нивната историја бидејќи сè уште не ги отвориле архивите на тајните служби, можеме да им помогнеме во тоа ако сакаат“, рече Милков.

Односите меѓу Македонија и Бугарија се вжештија по претепувањето на Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, кој е и бугарски државјанин. Бугарија вчера објави дека го повлекува својот амбасадор од Скопје и најави нова блокада на македонските евроинтеграции со ЕУ, додека македонските институции разгледуваат дали ќе им забранат влез на некои бугарски државјани што ја навредуваат Македонија

Related posts

Владата на тест: Претставата заврши или почнува?

admin

Лидерите на ВРЕДИ на средба кај Курти

admin

Трамп повикува на крај на примирјето во Газа ако сите заложници не бидат ослободени до сабота напладне

admin

Кога Лукашенко го повика Пригожин, германските шпиони ги прислушувале

admin

СРС го прогласува шампионот за регионална соработка за 2023

admin

Заев за Катимерини: Пред Преспа бевме поблиски со Турција, сега сме со Грција

admin