25.8 C
Скопје
25 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ОДЛУЧИ – ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА

Алијанса за Албанците го најави својот влез во Владата. Потврдата дојде од претседателот на Арбен Таравари, по седницата на партиското Централно претседателство во Тетово.

Во замена за влезот во влада договорено е партијата да добие три министерства. Потврдени се Министерството за здравство и Министерството правда, а како трето ќе биде Министерството за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, изјави Таравари. Партијата исто така ќе ги добие заменичките министерски места за одбрана и за земјоделие, како и повеќе директорски позиции кои Таравари не ги откри, но најави дека ќе се назначуваат откако ќе се избере Владата.

Како што објавија од партијата, пред состанокот, имале внатрепартиски референдум за влезот во Владата. Па така во текот на денот во сите ограноци на членовите одговорале на онлајн прашалник, по што резултатите биле претставени пред членовите на Претседателството.

Таравари рече дека одлуката е донесена го голема поддршка и од членството и од претседателството.

Истовремено со состанокот во Тетово, заседаваше и Централниот одбор на СДСМ. На седницата, како што изјави по нејзиното завршување портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, Централниот одбор го овластил претседателот на партијата, Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

Со ова, рече таа, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите, како и продолжување на реформите и евроинтеграциите.

За влезот на Алијанса за Албанците во Владата се зборува повеќе месеци. Откако првично беше негирано, потоа и од владејачката коалиција и од самата партија информираа дека имало вакви разговори. Од партијата тогаш најавија дека одлуката за евентуален влез во владата ќе ја носи претседателството, по широки консултации со членството.

Влезот на Алијансата во влада доаѓа во период кога треба да се носат уставни измени кои се услов за продолжување на преговорите со Европската унија.

Related posts

Џафери кажува колку ќе трае собраниската седница за уставните измени

admin

Уапсени двајца велешани во Скопје, продавале празни ЦД-а за учење странски јазици

admin

Ромни ги користи зборовите на Бајден против него, го повикува претседателот да му се придружи во пензионирањето: „Време е за транзиција“

admin

БЛИНКЕН РАЗГОВАРАЛ СО БОСАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЛКУ ВЛЕЗОТ ВО ЕУ Е ВАЖЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

ninja

О’Саливен дојде со јасна порака за Србија: време е за воведување санкции кон Русија

admin

Албанија избира локална власт

admin