19.8 C
Скопје
7 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ПОМОГНАА ВО СПАСУВАЊЕ 5-ГОДИШНО ДЕТЕ ОД РУШЕВИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА

Македонскиот армиски тим помогна во спасувањето на 5-годишниот Сулејман од под урнатините во турскиот град Кахраманмараш, кој во понеделникот беше тешко погоден од два разорни земјотреси. Како што соопштија од Министерството за одбрана, гласот на затрупаното дете ги донел војниците до местото, по што тоа било спасено.

„Нашиот армиски тим по сознанијата дека се слушнати гласови под урнатините по што по 6-часовно расчистување на урнатините слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување продолжиле уште 4 часа со расчистување и успеале да го извлечат 5-годишниот Сулејман“, соопшти македонското Министерство за одбрана.

Македонските спасувачки тимови, кои треба да помогнат во расчистување на урнатините и потрага по преживеани тргнаа кон Турција ден по земјотресот, а први беа припадниците на АРМ кои отпатуваа со комерцијален авион на Туркиш ерлајнс до Истанбул. Претходно Владата, на вонредна седница, донесе одлука за испраќање на 40 обучени спасувачи со возила и опрема и 24 припадници на АРМ со две трагачки кучиња.

Бројот на загинати од земјотресите што опустошија широки делови на Турција и Сирија надмина 20.000 лица, што го прави еден од најсмртоносните потреси во последните децении.

Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата последователни силни земјотреси, од 7,8 и 7,5 степени, што го погодија регионот рано во понеделникот, а огромен број останаа без домови.

Related posts

Ковачевски побогат од Џафери, вториот најбогат министер разрешен

admin

Средба Османи-Гутереш: Посветени да работиме заедно со ОН

admin

АХМЕТИ ОПТИМИСТ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ПОМЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА

ninja

Даути на средба со Пендаровски: Заедно да поттикнеме економски развој

admin

Наскоро процесирање на лицата од црната листа на САД?

admin

ТИМ ОД ВАШИНГТОН ЌЕ „ЛОВИ“ КОРУМПИРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ

ninja