30.8 C
Скопје
26 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БЛИНКЕН ВО ГРЦИЈА ВЕРОЈАТНО ЌЕ РАЗГОВАРА И ЗА ВЛЕЗОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, РЕЧЕ ДОНФРИД

Членството на Северна Македонија во Европската Унија може да биде една од темите на разговор на државниот секретар на САД Ентони Блинкен со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендијас, за време на неговата посетата на Грција следната недела.

Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Карен Донфрид, на прашање на Гласот на Америка на македонски за време на телефонски брифинг со новинарите, рече дека претпоставува оти поддршката на Грција за европската интеграција на регионот ќе биде дел од разговорите на Блинкен со грчките колеги.

„Не можам да ви кажам точно за што ќе разговара секретарот со неговите колеги во Грција, но претпоставувам дека тоа ќе биде една тема. Мислам дека многу од прашањата на пошироката агенда, како што се Украина и Русија, сигурно ќе бидат многу важни, како и се разбира земјотресите што ги доживеа соседот на Грција, Турција и Сирија минатата недела. Така, мислам дека има многу прашања за кои секретарот ќе разговара со нашите грчки сојузници“, одговори Донфрид.

Таа рече дека Грција е поддржувач на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан во однос на нивниот стремеж кон евроатлантската иднина и барањата за членство во Европската Унија.

„Грција е наш ценет НАТО сојузник. Исто така, таа е клучна членка на Европската Унија. Видовме како Грција постојано игра улога во поддршката на проширувањето на Европската Унија пошироко на Балканот“, рече Донфрид.

За време на состаноците во Атина, Блинкен се очекува да разговара за соработката во одбраната и безбедноста, енергетската безбедност и заедничката посветеност на САД и Грција да ја „бранат демократијата“.

Блинкен и Дендијас се очекува да го почнат и четвртиот Стратешки дијалог меѓу САД и Грција.

Блинкен ќе патува во Германија, Турција и Грција од 16 до 22 февруари. На 16 февруари тој ќе отпатува за Германија за да присуствува на Минхенската безбедносна конференција, каде што ќе учествува на низа билатерални и мултилатерални средби.

На 19 февруари, рече Донфрид, Блинкен ќе биде во Турција да ги „види од прва рака напорите на САД да им помогнат на турските власти да се справат со штетите предизвикани од земјотресите на 6-ти февруари“.

Донфрид нагласи дека Блинкен ќе разговара со турските власти како САД можат да ги зајакнат напорите за обезбедување помош по земјотресите во координација со турската влада.

„Секретарот Блинкен ќе ја изрази нашата благодарност до Владата на Турција за повторното отворање на границата за да може помошта да тече во северозападна Сирија“, изјави Донфрид./VOA

Related posts

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

admin

Вархеји: Ако Советот сака да го оствари проширувањето, тоа е добредојдена вест

admin

Бјуланд од Пентагон: Северна Македонија и Грција да го остават спорот надвор од НАТО

admin

КОЈ ИМА АМБИЦИЈА ДА БИДЕ ПРВИОТ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ?

ninja

Јапонија влегува во рецесија, сега Германија трета економија во светот

admin

Меџити со оштри критики кон ДУИ: Се откажаа и од Албанците

admin