16.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Петровска: Голем дел од буџетот на македонската одбрана е дониран на Украина

Кога инвестирате во Армијата, и кога Армијата ја имате опремено со модерна и соверемена опрема, многу е лесно да ја донесете одлуката да се ослободите од оружјето кое не ви е потребно, ако во тој момент знаете дека на некоја друга држава ѝ е суштински неопходна и таа тоа го бара од вас, вели во интервју за Гласот на Америка на македонски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пренесува Инбокс7.

„Досега на сите барања кои беа доставени, во најголем дел, одговараме позитивно, таму каде што навистина се работи за опрема која ние ја поседуваме и којашто според нашите планови и стратешки документи, не ни е потребна“, истакна таа. „Кога инвестирате во Армијата, и кога Армијата ја имате опремено со модерна и соверемена опрема, многу е лесно да ја донесете одлуката да се ослободите од оружјето кое не ви е потребно, ако во тој момент знаете дека на некоја друга држава ѝ е суштински неопходна и таа тоа го бара од вас. Ако зборуваме во вредност, голем процент од буџетот на македонската одбрана, претворен во одбрана, е дониран на Украина…“

Главната порака, вели таа, е дека Северна Македонија направила сериозен исчекор во своето позиционирање и дека од земја којашто во минатото била препознаена по разни видови на кризи и секогаш барала помош, сега веќе е земја – членка на НАТО Алијансата и сериозно и сигурно е на пат да ја оствари својата втора стратешка цел, а тоа е членството во Европската унија.

„Влогот кој е направен во сите овие изминати години во политичка смисла во нашата држава, и сета поддршка која САД ни ја давале и ни ја даваат и ќе ни ја даваат во иднина, навистина се исплати“, вели Петровска. „Меѓу другото средбите ги искористив и за брифирање за тоа до каде сме со процесот на модернизација на македонската армија и се разбира дали ќе ги исполниме очекуваните рокови за пристигање на опремата која веќе ја имаме нарачано или е во процес на набавка, така што сега засега не се исправени некои сериозни предизвици кои би ја попречиле таа испорака. Меѓутоа, свесни сме, и ние и САД и сите држави, дека воената индустрија во моментов се наоѓа под сериозен притисок, токму поради случувањата и зголемените побарувања на воена опрема во Украина и се разбира, потребата, армиите постојано да се модернизираат и опремуваат дополнително.“, вели Петровска

Во врска со најавените санкции на САД против Косово, таа вели дека задача на политичарите, особено на оние коишто се на високи позиции во државите во Балканот е да придонесуваат за мирот.

„Многу е лесно да дозволите да избие нов конфликт, или да кренете раце во одржување на некои отворени прашања. Суштината или тоа што ние го ставаме како белег во нашите мандати, без разлика колку тој ќе трае, е тоа што ние ќе постигнеме. Мислам дека обврската на секој еден од нас да инвестираме во иднината на државите. Отворен е дијалогот меѓу Косово и Србија. Жалам за тоа што се случува во Косово и за немирите и за нападите, особено нападите врз трупите на НАТО кои се таму да воспостават мир, а не за некоја друга цел. Мислам дека јасниот одговор кој беше даден и од страна на САД, од повеќе сојузници и од страна на ЕУ, испрати јасна порака дека не сакаме да гледаме повторно нови жаришта на Балканот и дека на крајот на краиштата треба да се свртиме кон тоа што се нарекува европска интеграција на земјите – процеси кои веќе се започнати, заради тоа што иднината на сите народи од Балканот е токму таму – во интеграција заедничка на сите земји, или во ЕУ, или тие што се одлучиле да бидат членки и на ЕУ и на НАТО“, вели Петровска.

Related posts

ФЗО – ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

ninja

По влезот во НАТО, Русија ја “напаѓа” Финска со мигранти

admin

Греам вели дека Турција станува „одред“ на НАТО

admin

ЕУ ќе купува оружје за Украина и ќе забрани руски медиуми

ninja

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ИЗМЕСИ ЛЕБ И БУРЕК

ninja

СДСМ во Приштина, ЕСП во Вашингтон

admin