34.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ПРЕДЛАГА УКИНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИОНИРАНАТА СТРУЈА ЗА ПРЕХРАНБЕНИТЕ КОМПАНИИ

Министерството за економија до Владата достави Предлог-одлука за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбената индустрија.

Како што соопшти Министерството, според нивните анализи, голем дел од компаниите што користеа субвенционирана електрична енергија од „ЕСМ Продажба“ по цена од 80 евра за мегават час, не ги намалиле цените на основните прехранбени производи.

Малите фирми, кои струја набавуваат преку ЕВН Хоум, плаќаат струја по околу 180 евра за мегават час, а оние на слободниот пазар плаќаат берзанска цена, кога некогаш се движи и до 400 евра за мегаватчас.

Врз основа анализата и податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија е да се укине мерката за сите компании од прехранбениот сектор.

Мерката се однесуваше на компаниите кои што произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

Целта на оваа мерка, како што посочува Министерството, беше компаниите од прехранбениот сектор да ги намалат цените на основните прехранбени производи, но според Министерството, цените не биле намалени.

Related posts

ТРАМП ВЕЧЕРВА СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА ОБЈАВИ ТРЕТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

ninja

Апелација му го врати пасошот на Јахоски за патување во Истанбул, и покрај истрагата за ТЕЦ Неготино

admin

Големи очекувања на македонската влада од Tрамп

admin

Антикорупциска бара истрага за ДУП-от за бензинската на „Пуцко Петрол“

admin

„АЛТЕРНАТИВА“ВО НЕДЕЛА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО ВЛАДАТА

ninja

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ПРОРУСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ КОИ ГО УРНАА МХ17

ninja