36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Обвинетите не чувствуваат вина, родителите со транспаренти – продолжи судењето за трагедијата во „Пулс“

Во Казнено-поправниот дом Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој во март загинаа 63 лица, меѓу нив и деца, а повеќе од 200 беа повредени. Родителите на жртвите се појавија пред судницата со голем транспарент со фотографии од загинатите, барајќи правда.

Одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственик на клубот, во воведните зборови тврдеше дека тој може да одговара само за „небрежност“, префрлајќи ја вината кон институциите и музичката група „ДНК“, за која, како што беше наведено, никој не го информирал дека донела пиротехника во клубот. Адвокатката Ивана Коцевска рече дека синoт на Јованов, третoобвинетиот Михаил, воопшто нема утврдено дејствие во обвинението и дека Обвинителството не приложило докази против него.

Сите обвинети повторно изјавија дека не се чувствуваат виновни. Јованов, видливо емотивен, изрази сочувство до семејствата и рече дека „секој ден ја преживува трагичната ноќ“, додавајќи дека девет месеци бил во изолација. За неговиот син Михаил, одбраната наведе дека по пожарот имал суицидни мисли, откако во трагедијата ги загубил девојката и најблискиот пријател.

Родителите на загинатите, кои го напуштија дел од рочиштето, рекоа дека одбраната се обидува да ја релативизира трагедијата. На транспарентот што го поставија пред судницата пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“.

Судскиот процес продолжува со излагање на доказите на одбраната и сослушување сведоци.

Related posts

Путин и Трамп без нов контакт: Кремљ откри што се случува со мировните преговори

admin

Израел преминува на одбранбени операции во Газа под притисок од Трамп – Нетанјаху подготвен за преговори во Египет

admin

Директорот во заминување на Мосад: Нема да запреме додека не падне режимот во Иран

admin

Албанија пред целиот регион: Што покажува глобалниот индекс за животната средина?

admin

Politico: Победници и губитници на пресудниот самит на ЕУ за Украина

admin

ЗЕЛЕНСКИ ВО КОНГРЕСОТ: „ЌЕ ПОБЕДИМЕ БИДЕЈЌИ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ“

ninja