17.9 C
Скопје
13 мај, 2025
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

МОРБИЛИ И „ИМУНОЛОШКА АМНЕЗИЈА“

Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“.

Пишува: Драган Даниловски

И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам.

Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра.

За да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18). Во ваква ситуација, доволен е еден-единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење!

Во што се состои феноменот на „имунолошка амнезија“?

Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен „имунолошка амнезија“.

Откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите „сеќавања“, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. Тоа може да потрае и до три години.

Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“.

Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции.

Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти.

Related posts

Не се доволни само стратегии, потребна е политичка волја и силни реформирачки лидери

admin

На Полска повторно и се заканува тиранин. Овој пат Европа не смее да го тргне погледот

admin

Албанска Левица

admin

Дали ќе поминат уставните измени и што ако не поминат?

admin

Промена на уставот: Не за шансите, туку за влогот

admin

НОВИНАРИТЕ НЕ СЕ БОКСЕРСКА ВРЕЌА

admin