5.8 C
Скопје
12 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

РУСКА АМБАСАДА: НЕМА ОСНОВА ВО ТВРДЕЊАТА НА ОСМАНИ ДЕКА РУСИЈА Е ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА КОНФЛИКТИ НА БАЛКАНОТ

„Убедени сме дека нема основа за тврдењата дека Руската Федерација е заинтересирана за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Северна Македонија и Бугарија, реагира Руската амбасада во Скопје, на интервјуто на министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи за за Радио Слободна Европа на 29 јануари.

Османи во интервјуто рече дека „Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во овој регион, со цел полесно да може да се манифестира влијание“.

Од амбасадата на Русија наведуваат дека не само што нема основа за таквите тврдења, нема ни докази, како што било случај и повеќе пати досега.

„Напротив, придонесот на нашата земја во решавањето на конфликтите на Балканот во изминатите многу децении, вклучувајќи во Босна и Херцеговина и во српската автономна покраина Косово и Метохија, не може да се прецени. Секогаш постапуваме во согласност со меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Заинтересирани сме за просперитет и мирен соживот на сите земји од регионот без исклучок, со чии народи имаме вековни пријателски врски“, се вели во реакцијата од Амбасадата на Русија.

Оттаму велат дека никаков темел немаат ниту обвинувањата што се шират во низа медиуми за наводно „мешање“ на Русија во внатрешните работи на Северна Македонија и нејзините односи со другите земји.

Претходно на 23 јануари, по седницата на Советот за национална безбедност претседателот на Македонија, Стево Пендаровски оцени дека структурите во Бугарија кои водат антидржавна кампања против С. Македонија се поврзани со руската разузнавачка служба.

Related posts

Ретка достоинствена прослава на независноста од една балканска држава

admin

Слушнати експлозии во Киев, Путин најави воена операција во источна Украина

ninja

Мира Мурати од OpenAI: жената виновна за туркање на генеративната вештачка интелигенција во реалниот свет

admin

Трнлив пат на Скопје да стане европска престолнина на културата

admin

Истражување на РСЕ: Таткото на министерот Бочварски планира да гради фабрика и фотоволтаична централа

admin

Рама: ЕУ да ја казни Србија

admin